мини|десно|Алгој на карта на Германија Алгој () — регион во областа Швабија, јужна Германија. Го зафаќа јужниот дел од Баварска Швабија и југоисточниот дел на покраината Баден-Виртемберг. Се протега од предалпскиот крај, па сè до Алпите. Позначајни реки што течат низ регионот се Лех и Илер. Алгој не претставува администратицна единица.

Се дели на следниве подрачја:

Горен Алгој (Oberallgäu) во Швабија, Баварија) Долен Алгој (Unterallgäu) во Швабија, Баварија) Источен Алгој (Ostallgäu) во Швабија, Баварија) Западен Алгој (Westallgäu) претежно во Горна Швабија, Баден-Виртемберг

Регионот е познат по убавите предели и ужива популарност кај туристите и оние што се лекуваат. Истакнат е и по своите млечни производи, како што се сирењата „Хиртенкезе“ („овчарско“) и „Бергкзе“. Покрај туризмот и земјоделството, стопански гранки е производството на индустриски постројки и машини. Тука особено се издвојуваат тракторите „Fendt“ (Фент).

Алпските предели на Алгој се издигаат на висина над 2.000 метри и имаат мошне посетени скијачки центри. Во источниот дел на регионт се наоѓа славниот замок Нојшванштајн.

Географија мини|исправено=1.3|Поглед на Алгој од балон Најистакната географска одлика на јужниот дел на регионот се Алгојските Алпи, кои сепак не се дел од него. Пределите се создадени од некогашни ледници и наносни остатоци. Остатоци од тој период се многубројните ридови и езера.

Поврзано Алгојски Алпи

Надворешни врски

Портал на Алгој Туристички портал на Алгој Информации за Алгој

Категорија:Географија на Баден-Виртемберг Категорија:Географија на Баварија Категорија:Региони во Баден-Виртемберг