Висои — археолошко наоѓалиште во битолското село Беранци. Претставува тумул од железно време. Се наоѓа на 17 км од Битола и на околу 300 м од левата страна на стариот пат Битола — Прилеп, на тромеѓата помеѓу селата Црнобуки, Могила и Беранци. Овде уште во 1954 година се пронајдени три тумули подредени во еден правец и оддалечени еден од друг од 300 до 500 м. Со рилањето на теренот, на најголемата могила биле откриени гробови со камени плочи, поради што истата година е извршено заштитно ископување. Најдени се 47 гробови од камени плочи - тип циста, радијално распоредени, опкружени со сувоѕидан прстен од камен и централен гроб на средината кој е временски постар. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Воден Дол — некропола од римско време; Грабечка Река — населба од хеленистичко и римско време; Градиште — населба од доцноантичко време; Женски Дол — некропола од доцноантичко време; Плочи — населба и некропола од римско време; Ристов Кладенец — некропола од доцноантичко време; Црквиште — некропола од раноантичко и хеленистичко време; Шукаловец — населба од римско време; Беранци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Беранци