Ограѓе — археолошко наоѓалиште во битолското село Горна Чарлија. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на 100 м јужно од селото, каде на површина од околу 1 хектар, при обработувањето на земјата се откриени фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Според исказите на месен жител, овде било најдено земјено сатче околу кое имало јагленчиња.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Тумба — населба од доцноантичко време; Горна Чарлија; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Горна Чарлија