Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Ношпал. Претставува населба од неолитско и римско време. Се наоѓа на околу 2,5 км југозападно од селото, каде при обработувањето на земјата се откриени ѕидови градени од камен, варов малтер и тули. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови од неолитското и римското време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бела Црква — базилика и некропола од старохристијанско време; Гајтаница — населба од неолитско и доцноантичко време; Св. Никола — осамен наод од римско време; Горни Ливади — населба од доцноантичко време; Ношпал; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Ношпал