Кутлина — археолошко наоѓалиште во битолското село Свето Тодори. Претставува осамен наод од римско време. Артефактот бил пронајден во нина на месен жител, што се наоѓа на околу 2 км североисточно од селото, каде е најдена мермерна стела со релјефна претстава на маж, жена и четири деца меѓу нив. Стелата се чува во тремот на селската црква.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Василичини Гробишта — некропола од средниот век; Кале — населба од хеленистичко време; Крчин — светилиште и некопола од доцноантичко време; Црквиште — населба од римско време; Кучкина Леска — населба од средниот век; Чешмина — населба од доцноантичко време; Манастир — осамени наоди од римско време; Над Чаир — населба од неолитско време; Свето Тодори; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Свето Тодори