1921 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1921 година од новата ера, 921. од вториот милениум, 21. од XX век и втора од 1920-тите.

Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7429 и 7430 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6671 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5681 и 5682 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2674.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1921 година се протега во 4557 и 4558, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4617 и 4618 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2464. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1339 и 1340 исламска година. Настани

јануари 20 јануари - Прогласен е првиот устав на Турција.

февруари 15 февруари - Црвената армија ја напаѓа Демократска Република Грузија.

март 17 март - Во СССР Црвената армија го задушува Кронштатскиот бунт. 18 март - Со Договорот од Рига формално завршува Советско-полската војна. 21 март - Во СССР е воведена Новата економска политика. Швеѓанецот Јалмар Брантинг и Норвежанецот Кристијан Ланге добиваат Нобелова награда за мир.

април

мај 3 мај - Основана е провинцијата Северна Ирска во рамките на Обединетото Кралство.

јуни 28 јуни - Собранието на Кралството СХС го изгласува Видовденскиот устав. 29 јуни - Во Белград е извршен неуспешен обид за атентат врз регентот Александар I Караѓорѓевиќ од страна на комунистот Спасое Стеиќ.

јули 11 јули - Прогласена е независноста на Монголија од Кина, под закрила на Црвената армија. 21 јули - Извршен е атентат врз југословенскиот министер за внатрешни работи, Милорад Драшковиќ.

август 1 август - Југословенското собрание го изгласува Законот за заштита на државата со кој се забранува секоја комунистичка активност во земјата. септември

октомври

ноември

декември 4 декември - Формирана е Македонската емигрантска федеративна организација. 6 декември - Во Лондон е потпишан Англиско-ирскиот договор за воспоставување на Слободна Држава Ирска, независна држава која вклучувала 26 од 32 ирски окрузи.

Родени 5 јануари - Фридрих Диренмат, швајцарски писател 14 јануари - Мјуреј Букчин, американски анархист 31 јануари - Марио Ланца, американски тенор и глумец 4 февруари - Бети Фридан, американска феминистка 2 март - Коле Чашуле, македонски писател 21 мај - Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и нобеловец 7 јули - Васко Карангелевски, македонски комунист, учесник во НОБ 16 јули - Крсте Црвенковски, македонски политичар 19 јули - Борка Талески, македонски комунист, учесник во НОБ 16 август — Чарлс Буковски, американски писател 19 август - Џин Роденбери, американски сценарист и продуцент 3 септември - Христијан Тодоровски-Карпош, македонски комунист, учесник во НОБ 12 септември - Станислав Лем, полски писател 13 октомври - Ив Монтан, француски глумец и пејач 3 ноември - Чарлс Бронсон, американски глумец 27 ноември - Александар Дупчек, словачки политичар 19 декември - Блаже Конески, македонски писател и филолог 29 декември - Добрица Ќосиќ, српски писател и претседател на СР Југославија

Починале 8 февруари - Петар Кропоткин, руски анархист 1 март - Никола I Петровиќ, црногорски крал 15 март - Мехмед Талат-паша, османлиски државник 28 јуни - Ѓорче Петров, македонски револуционер 2 август - Енрико Карузо, италијански тенор 7 август - Александар Блок, руски поет 16 август - Петар I Караѓорѓевиќ, српски и југословенски крал 22 септември - Иван Вазов, бугарски писател и преродбеник 22 октомври - Александар Димитров, бугарски политичар 16 декември - Камиј Сен-Санс, француски композитор

Поврзано Календарот за таа година

Надворешни врски

21921