Зелин () — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Риген во Балтичкото Море.
Историја
мини|лево|Вила Винета (1902), особена бањска архитектура на германскиот балтички брег мини|лево|Бањскиот град Зелин од воздух, со крајбрежната патека Зелин која навлегува во Балтичкото Море
Првите споменувања на Зелин потекнуваат од 1295. Од 1880, па натаму, градот брзо стекнувал значајност како балтички бањски град. По Револуцијата во 1989, селото било во голема мерка обновено и осовремено. Во 1992 била повторна изградена крајбрежната патека и била официјално отворена на 2 април 1998.
Култура и знаменитости
Вилхелмштрасе (Wilhelmstraße), со нејзините убави куќи од периодот на бањска архитектура (премин на во век), води до стрмниот брег, до 30 метри височина, каде се наоѓаат скали и лифт до Крајбрежната патека Зелин или шеталиштето на Јужната плажа (Südstrand).
Зелин има најдолга крајбрежна патека на Риген: 394 метри. Од 1991, историскиот центар бил многу обновен како дел од програмата за урбан развој.
Други знаменитости се Галерија Хартвих (Galerie Hartwich) во старата противпожарна станица, Килибарниот музеј и црквата. Килибарниот музеј бил основан во 1999 и е единствен таков на Риген.
Шварцското Езеро во Границ исто така припаѓа на општината и е одредено како строго заштитен резерват.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Западна Померанија-Риген Категорија:Приморски одморалишта во Германија Категорија:Населени места на Риген