Св. Петка — археолошко наоѓалиште во битолското село Црничани. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 200–300 м западно од селото, покрај патот за селото, каде се наоѓа црквата „Св. Петка“. На теренот се забележуваат контури од постар објект со димензии од 30 × 10 м. Апсидата на објектот е преправена во мала црква од која се зачувани само апсидниот простор и две помали простории. Најверојатно на ова место се наоѓала ранохристијанска базилика.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Клепач — населба од средниот век; Крсто — осамен наод од римско време; Рупка — населба и некропола од римско време; Тврди Град — населба од доцноантичко време; Црничани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Црничани (Битолско)