Ограѓе — археолошко наоѓалиште во битолското село Дихово. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 500 м источно од задружниот дом, каде бил откриен гроб ѕидан од тули поврзани со варов малтер. Исто така биле откриени и ѕидови градени од кршен камен и варов малтер. По површината на теренот се среќаваат фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Варвара — некропола од средниот век; Братиндолска Река — населба од римско време; Св. Недела — црква и некропола од средниот век; Дихово; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Дихово