Коловозник или Кула — археолошко наоѓалиште во битолското село Драгарино. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на зарамнетото плато од малата височинка, што се наоѓа на 1 км западно од селото, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови и грамади од градежен материјал, веројатно остатоци од еднокорабна црква. Исто така, се гледаат и гробови покриени со по една голема плоча од камен, ориентирани во правец исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градски Пат — населба од хеленистичко и римско време; Драгарино; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Драгарино