мини|десно|300п|Топографска карта на Рила. Рила — наjвисока планина во Пиринска Македонија, цела Бугарија и на Балканскиот Полуостров.
Таа се наоѓа во југозападниот дел на земјата, и во северозападниот крај на Рилско-родопскиот Масив. Највисокиот врв на Рила е Мусала, и со своите 2.925 м е и највисокиот на Балканскиот Полуостров.Български туристически информациски сайт/Рила По сртот на Рила поминува главниот бугарски слив, кој се совпаѓа со главниот балкански слив, кој ги дели речните сливови на Црното и Егејското Море. Од планината извираат едни од најголемите и многуводни бугарски реки: Искар, Марица и Места. Просечната надморска височина на Рила е 1.487 м, а вкупната површина е 2.629 км2. Поголемиот дел од високите врвови (2.500 - 2.700 метри надморска височина) имаат алпски изглед. Типичен пример е Маљовица. Остатокот, особено во Источна Рила, претставуваат планински ливади.
Име Се претпоставува дека името Рила има тракиско потекло. Најпрво планината се викала ДонукаHistoire Romaine, XL, 58, 1 Тит Ливиј , Дунакс, ДоункасThe Language of the Thracians, IV. The Thracian onomastics, A. Geographical names (A — N) Ivan Duridanov , а подоцна Роула, преименувано во Рила од Словените во V век, што значи „многуводна планина“. На Рила има над 200 езера и бројни минерални извори (Сапарева Бања, Долна Бања, Костенец, Бања и др.).
Географија, флора, фауна Огромната купола на Рила се издига над околните планински котлини. Боровечкото Седло (1.305 м) го поврзува главниот Мусаленски дел со ридовите Шипочан и Шумнатица на Ихтиманска Средна Гора. Седлото Јундола (1.375 м) и Аврамово Седло (1.295 м) ја поврзуваат Рила со Родопите. Врската со Пирин е седлото Предел (1.140 м), а со Верила Клисурското Седло (1.025 м). Планината Рила е поделена на четири посебни географски делови:
Источна Рила Централна Рила Северозападна Рила Југозападна Рила
Галерија
Панорами
Наводи
Надворешни врски Национален парк „Рила“
Категорија:Планини во Пиринска Македонија Категорија:Планини во Бугарија