Зандан куле — објект што се наоѓа во југозападниот дел на Битола, поточно во дворот на основното училиште „Стив Наумов“. Точни историски податоци не постојат, но првобитната намена за што била изградена, не е таа што го носи името „Зандан Куле“Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980.

Изградба Кулата била изградена од бег за лична заштита. Бегот во кулата ја чувал својата лична библиотека која опстојала до 1863/64 година кога Хисни-паша, битолскиот валија, злоупотребувајќи ја својата положба ги однел со себе. Подоцна била претворена во затвор од страна на турските власти кога биле револуционерните движења во Македонија, односно, пред Илинденското востание во неа биле затворени македонски револуционери. Оттука го добила и називот „Зандан куле“.

Изглед Градена е од обичен камен и е мала по димензии. Затоа и го носи името „Зандан куле“. Во основата е правоаголна со димензии 6,50x5,35 m, дебелината на ѕидовите е од 1,08 до 1,22 метра која во повисокиот дел се стеснува на 0,98 метра. Висока е 10,95 метра. Влезот е на југозападната страна, се наоѓа на височина од 2,3 метра и бил достапен со дрвена скала. Прозорците се тесни, горниот дел на лаковите им украсени со тули и се заштитени со железни решетки.

Претворање во затвор Кога кулата била претворена во затвор, во нејзината внатрешност биле извршени неколку адаптации: се направиле две ќелии од кои едната е во приземјето, а другата на катот. Под покривната конструкција се наоѓа соба за стражарите. Кулата имала и пушкарници за одбрана од напади, а по внатрешните сидини и до денес се зачувани турски натписи.

Наводи

Категорија:Историја на уметноста Категорија:Битола