Зорица Јевремовиќ (, - во Ражањ, Ниш, Србија) — српска и југословенска театарска и видео режисерка, драматург, интермедијална теоретичарка, историчарка на културата и феминистка.„Зорица Јевремовиќ: Копиле (1948-1968), драма на утопијата“ (за претставата), Центар за културна деконтаминација, Белград, 2009. Директорка е на белградскиот Центар за медиуми „Ранко Мунитиќ“ и уредник на регионалното списание за медиуми и култура Медиантроп.„Главен уредник“ , Медиантроп, Београд.
Меѓу другото, значајна е и нејзината работа на основање на театарски дружини за маргиналните општествени групи, како и придонесот за втемелување на стрипската и телевизиската теорија во СФРЈ во 1970-те. Нејзин сопруг беше истакнатиот југословенски културен работник Ранко Мунитиќ.
Животопис Родена е во Ражањ, пораснала во Белград. Дипломирала драматургија на Факултетот за драмски уметности во 1975. година. Со драматургија се занимавала во алтернативните и неформалните групи за театар и филм: КПГТ (1980-1990), Арт-филм (1981-1983), Нова чувствителност (1984-1985), Претпријатие за театарски работи (1992).
Како заговарачка на југословенскиот културен простор ја истражувала културната историја и теолошкото обичајно право на мултинационалните и повеќеконфесионалните средини во СФРЈ: Дубровник (1976-1980), Пераст (1981), Повља (1982), Тацен (1981-1984), област Пољица (1986-1990), Дечани (1981-1989) и Зјум (1990). Објавила книги од мултимедијалната теорија и театарската драма, а уредувала и научни зборници од книжевната историја.
Основала алтернативни театри кои работеле како „театарски кварт“ во гетоизираните заедници, на местата коишто порано не биле театарски активни: Перформативен „Уличен детски театар“ во Скадарлија (1985), „Џепен театар М“ во психијатријската болница „Д-р Лаза Лазаревиќ“ (1993-1995), „ПАТ 5а“, феминистички театар во Автономниот женски центар против сексуално насилство (1997-1999). Во почетокот на граѓанската војна во Југославија во 1990-тите била активистка во двете антивоени групации: „Цивилно движење на отпорот“ и „Белградски круг“, во чиишто рамки извела повеќе културолошки проекти: „Босна, човечки траги“ (1992).
Во 2008 година прави изложба „Косово од мојот стан“ од фотографии на предмети кои ги купувала и ги добивала на подарок од Косово и Метохија (1981-1990).Радовиќ, Настасја. „Зорица Јевремовиќ-Мунитиќ: Во куќата го имам своето Косово“ (интервју), Монитор, Подгорица, бр. 1027, 25. јун 2010.
Членка е на Сојузот на драмски уметници на Србија од 1978. Од 2007. година е членка на Српското книжевно друштва. Од декември 2011. е директорка на Центрот за медиуми „Ранко Мунитиќ“ каде како интермедијална теоретичарка води повеќе проекти.
Дело (избор) Книги Распад система /Распад на системот/, „Аурора“, Белград, 2000. Семиолошки кругови, „Прометеј“, Нови Сад, 2001. Четири предратне драме /Четири повоени драми/, „Прометеј“, Нови Сад, 2001, ISBN 86-7639-543-8; второ проширено издание 2006, ISBN 86-515-0016-5 Спотови носталгије: о феноменологији, комуникологији и естетици медија /Спотови на носталгијата: за феноменологијата, комуникологијата и естетиката на медиумите/, Радио-Телевизија Србија, Белград 2006. ISBN 86-81733-39-7 Балада о девојачком оделу /Балада за девојчинската облека/, „Досије“, Белград, 2006. ISBN 86-909635-0-2 Позориште као стварање света/Театарот како создавање на светот/ , Институт за театар, филм, радио и телевизија, Белград, 2008. ISBN 978-86-82101-36-9 Дупли пас, соавтор Ранко Мунитиќ, Радио-Телевизија Србије — Издавачка делатност, Белград, 2012. ISBN 978-86-6195-014-8„Дупли пас“, РТС, 1. нов 2015. Тишина, помрлице, Центар за медије „Ранко Мунитић“, Београд, 2017.Матијевић, Ивана. „Претстављена књига 'Тишина, помрлице'”, Данас, Београд, 18. децембар 2017.
Драми На станици /На станицата/, 1968. Ој, Срби’о, нигде лада нема /Ој, Срби’о, никаде ладовина нема/, 1971. Вукодлак из Самарије /Врколакот од Самарија/, 1973. Копиле 1948-1968 /Копиле 1948-1968/, 1987. Фјодорова девојчица /Фјодорово девојче/, 1991. Бајка блуз /Бајка блуз/, 1994. Пут у немогуће или потрага за богињом Клио /Пат во невозможното или потрага по божицата Клио/, 1995. Шапутаве девојке I /Шепотливи девојки I/, 1997. Шапутаве девојке II /Шепотливи девојки II/, 1999. Балада о девојачком оделу /Балада за девојчинската облека/, 2004. Помрлице (три умирања и један сан), 2017.
Есеи и студии во периодиката „Тотални стрип“ /„Тотален стрип“/, Култура, 1975. „Исповести ђака монашке школе Светом краљу Дечанском априла 1941“ /„Исповед на ученикот на монашката школа на Светиот крал Дечански во април 1941“/, Култура, 1991. „Позоришне политичке фабрике“ /„Театарски политички фабрики“/, Република, бр. 468-469, Белград, 1-31 јануари 2010.
Приредување на научни зборници Сава Мркаљ, списание Книжевност, 1984. Св. Сава и Хиландар, Книжевност, 1988. Ватрослав Јагиќ, Книжевност, 1990.
Видеографија Аутовидеографија /Автовидеографија/ (1996) Шапутаве девојке /Шепотливи девојки/ (2001) Шапутаве девојке II /Шепотливи девојки II/ (2003) Ишчекивање /Исчекување/ (2004) Краљица ноћи /Краљица на ноќта/ (2005) Промоција Џепног позоришта М /Промоција на Џепниот театар М/ (2005) Босна 92 – људски трагови /Босна 92 – човечки траги/ (2005) Остаци филмске траке /Остатоци од филмската лента/ (2005)
Литература Јевремовић, Зорица. „Позориште кварта - елементи једне биографије: (ауто)портрет Зорице Јевремовић кроз исповест сачињену од мноштва путовања, али увек на истом трагу“ /„Театар на квартот - елементи на една биографија: (авто)портрет на Зорица Јевремовиќ низ исповед сачинета од мноштво патувања, но секогаш на иста трага“/, приредио Александар Милосављевић, Сцена, год. 38, бр. 2 (2002), стр. 49-54 „Свако личи на оно што јесте: Зорица Јевремовић, драмски писац“ /„Секој личи на она што е: Зорица Јевремовиќ, драмски писател“/, разговарала Бранка Криловић, Сцена, год. 38, бр. 2 (2002), стр. 37-48. Бекчић, Гордана. „Осуђене на позоришно непостојање: Зорица Јевремовић: Четири предратне драме, Прометеј, Нови Сад 2001.“ /„Осудени на театарско непостоење: Зорица Јевремовиќ: Четири повоени драми, Прометеј, Нови Сад 2001.“/, Сцена, год. 39, бр. 1/2 (јануар-април 2003.), стр. 112-113. Милосављевић, Александар „Неспоразуми са душом: белешка о (неким) драмама Зорице Јевремовић“ /„Недоразбирање со душата: белешка за (некои) драми на Зорица Јевремовиќ“/, у: Четири предратне драме / Зорица Јевремовић, 2006, стр. 5-8. Драгићевић-Шешић, Милена. „Интеркултурна медијација - деловати различито у времену плиме једноумља“ /„Интеркултурна медијација - дејствување различно во време на плима на едноумие“/, изворно објављено као поговор у: Балада о девојачком оделу / Зорица Јевремовић, 2006, стр. 110-126. Драгићевић-Шешић, Милена. „Театрализација историје или пут у будућност: драмско дело Зорице Јевремовић“ /„Театрализација на историјата или пат во иднината: драмското дело на Зорица Јевремовиќ“/, изворно објављено у: Култура, Књ. 124 (2009), Београд, стр. 209-220.
Извори
Надворешни врски Текстови на Зорица Јевремовиќ Мунитиќ во списанието Култура , Завод за проучување на културниот развој, Белград Центар за медиуми „Ранко Мунитиќ“, Белград Медиантроп, регионално списание за медиуми и култура
Категорија:Српски писатели Категорија:Српски драматурзи Категорија:Српски драмски режисери Категорија:Српски историчари Категорија:Српски дејци Категорија:Српски феминистки Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Историчари на културата