Св. Богородица — археолошко наоѓалиште во битолското село Ѓавато. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на југоисточната периферија на селото, каде при изградбата на селскиот пат, источно од црквата „Св. Богородица“ се откриени гробови градени од тегули, на две води. Во тремот на црквата се вградени повеќе антички тули.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Кале — населба од доцноантичко време; Старо Село — населба од средниот век; Ѓавато; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Ѓавато (Битолско)