Нинхаген () — општина во округот Росток, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Географија
Општината се наоѓа на балтичкиот брег помеѓу најстарата приморска бања во Германија, Хајлигендам и Варнеминде.
Големи делови на општината претставуваат шуми. Западно од селото се наоѓа Нинхагенската шума (Nienhäger Holz), веднаш стрмните карпи покрај брегот, високи 12 метри. Мешаната шума се простира на околу 180 хектари и е наречена „шума на духови“ од месното население.
Патеката со сликовити погледи води веднаш покрај брегот до Бергеренде. Под карпите се наоѓаат песочни плажи, погодни за капење.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Росток (округ)