КК Лирија ― поранешен кошаркарски клуб кој се наоѓал во населбата Чаир во Скопје, Македонија и има настапувано во Првата македонска кошаркарска лига.
Историја Клубот првично бил создаден во 1977 година во основното училиште "Лирија" во Скопје, и поради тоа клубот се вика Лирија. На почетокот во тогашниот состав играле претежно поранешни и тогашни ученици од тоа училиште. Најголем придонес за клубот има веќе покојниот Ментаз Алајбегу.
По основањето, клубот се натпреварувал во Втората македонска републичка лига, која била во состав на југословенскиот кошаркарски систем. Подоцна се пласирале во Првата македонска републичка лига. Во сезоната 1985/86 клубот се распаднал. Од 2007/08 клубот се обновил, со неколку активирања и паузи во меѓувреме.
Од сезоната 2008/09, клубот почнал со натпреварување во Третата лига и поради добриот успех напреднал во Втората лига за следната сезона. Во сезоната 2009/10 во Втората лига, Лирија завршила на шестото место. За следната сезона, поради откажување на некои прволигашки екипи, Лирија добила вајлд карта заради пополнување на Првата лига. Во сезоната 2010/11 во Првата лига, Лирија завршила на петтото место во Суперлигата, додека во Купот стигнале до четврфиналето. Во 2011/12, екипата стигнала до полуфиналето во Лигата и Купот. Во 2012/13, Лирија завршила на шестото место во Суперлигата, а во Купот до четвртфинале. Во сезоната 2013/14, Лирија за првпат во својата историја играла во финале односно во Купот, каде изгубила од МЗТ Аеродром, додека во Лигата стигнала до полуфиналето каде повторно изгубила од МЗТ Аеродром. За време на полуфиналето против МЗТ Аеродром, Лирија поради ненаоѓање на сопствена сала изгубила службено и така била елиминирана.Лирија не најде соодветна сала, МЗТ службено во финале ekipa.mk 22 мај 2014
Исто така, поради ненаоѓање на сопствен терен, Лирија го откажала своето учество во Првата Лига за сезоната 2014/15 и се распаднала.Елитата без Лирија, сезоната стартува на 11 октомври ekipa.mk 11 септември 2014
Галерија
Поважни поранешни играчи
Синиша Аврамовски Едмонд Аземи Винс Голдсбери Мирослав Деспотовиќ Милош Ѓуришиќ Ненад Зивчевиќ Сезан Ибраимај Немања Јелесијевиќ Ѓорѓе Јовановиќ Бошко Јововиќ Александар Калањ Никола Караколев Морис Картер Џулиус Колс Џејмс Лајф Дарко Матиќ Марко Мијовиќ
Дастин Мичел Карлос Морбан Тајрон Наред Дејан Неделковски Алексеј Нешовиќ Бојан Николовски Јордан Николовски Едис Нури Алекс Овуми Кирил Павловски Грег Палмер Џереми Прајс Александар Радојевиќ Балша Радуновиќ Дарко Радуновиќ Ерхан Рамадани
Иван Саздов Горан Самарџиев Тони Симиќ Александар Совковски Мејвел Солер Бобан Стајиќ Диме Тасовски Мухамед Тачи Бојан Трајковски Александар Угриноски Теренс Фарли Владимир Филиповиќ Енес Хаџибулиќ Вања Цветник Џери Чивс Ричард Џетер
Извор:eurobasket.com
Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Втора македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Македонска кошаркарска федерација Спорт во Скопје Кошарка во Македонија
Наводи
Надворешни врски Профил на КК Лирија на eurobasket.com Навивачка страница на Фејсбук
Л Л Категорија:Престаноци во 2014 година во Македонија