Старо Село — археолошко наоѓалиште во битолското село Кравари. Претставува населба од неолитско, бакарно и бронзено време. Се наоѓа на околу 800 м источно од центарот на селото, а лево од современиот пат Битола-Лерин. Има развлечена неправилна кружна основа и височина до 2 м. Во поново време во центарот на тумбата е подигната црквата „Успение на Пресвета Богородица“ со гробиштата околу неа. На источниот крај е пресечена со железничката пруга Битола-Лерин. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, а најдени се калап од камен за леење на секири и секира од бакар со едно сечило. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Тумба — населба од неолитско време; Жеждево — населба од доцноантичко време; Црна Земја — населба од доцноантичко време; Чукут — некропола од доцноантичко време. Кравари; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Кравари