Во Селото — археолошко наоѓалиште во битолското село Лопатица. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа на околу 100 м јужно од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, каде во 1957 година биле откриени мермерни блокови кои сега се наоѓаат во дворот на месна жителка, и тоа дел од столб, база и стела. Еден мермерен столб е сместен во дворот на црквата. Според исказите на жителите, овде бил откриен дел од објект со сводеста конструкција, граден од четвртести тули поврзани со варов малтер.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Коритница — некропола од римско време; Долни Леоник — црква од средниот век; Калуѓери — — црква од средниот век; Ограда — населба од доцноантичко време; Лопатица; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Лопатица (Битолско)