Грал-Мириц () — општина и приморско одморалиште во округот Росток, во Мекленбург-Западна Померанија, во Германија.

Грал-Мириц се наоѓа меѓу најпопуларните германски туристички одредишта, како и за лечење и одмор. Излегува на Балтичкото Море, а околу него се протега голема шума. Во општината има многу хотели, ресторани, голема плажа долга пет километри, простран јавен парк на родондендрони. Постојат возови на секој час до Росток, а патувањето трае триесетина минути.

Музеи

Грал-Мириц поседува сопствен музеј за локалната историја наречен Хајматштубе (Heimatstube). Во областа постојат неколку големи музеи, како Германскиот бродски музеј во Росток, Германскиот килибарен музеј во Рибниц-Дамгартен или Германскиот поморски музеј во Штралзунд.

Спорт

Локалниот спостски клуб Грал-Мириц настапува во покраинската лига. Плажата и околината се одлични места за пливање, шетање, велосипедизам, рибарство и трчање.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Росток (округ) Категорија:Приморски одморалишта во Германија