12 години роб (англиски: 12 Years a Slave) — британско-американски историски филм од 2013 година, во режија на Стив Меквин, според сценариото на Џон Ридли, засновано врз истоимената книга на Соломон Нордап од 1853 година. Главните улоги ги играат: Чиветел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бенедикт Камбербач, Пол Дејно, Гарет Дилахант, Мајкл Кенет Вилијамс, Брет Пит, итн. Филмот опишува вистински настани: Соломон Нордап, роден како слободен човек во државата Њујорк, во 1841 година бил грабнат во Вашингтон и продаден како роб, по што поминал 12 години во ропство, работејќи на плантажите во Луизијана. Филмот освоил три награди „Оскар“ (за најдобар филм, најдобра споредна улога и најдобро адаптирано сценарио) при што за првпат во историјата оваа награда ја освоил афроамерикански режисер. Исто така, филмот ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар филм и две награди на БАФТА (за најдобар филм и најдобар глумец).HRT (пристапено на 24.2.2018) Првото научно издание на мемоарот на Нортап, издадено во 1968 од страна на Су Икин и Џозеф Логсдон, внимателно ги опишува и верифицира настаните во мемоарот за кои се смета дека се точни и прецизни.

Синопсис Соломон е слободен човек кому му е направена голема неправда: тој е грабнат, затоа што е Црнец и потоа е продаден како роб при што добива новот има - Плат. Така, тој поминува 12 години работејќи на плантажата за памук во Луизијана при што постојано се истакнува со својата дарба. Работејќи како роб, тој е принуден да ја трпи бруталноста на неговиот сопственик. Бидејќи е разделен од своето семејство, тој сонува да побегне и еден ден сонот му се остварува: на имотот каде што работи доаѓа дрводелец кој, иако е Белец, не го поддржува ропството. Плат го замолува да ги извести неговите пријатели и тие доаѓаат на имотот со потврда дека тој е слободен човек. Така, Соломон најпосле се враќа дома, каде во меѓувреме неговата ќерка се омажила и добила бебе кое го крстиле Соломон.

Наводи

Категорија:Филмови од 2013 година Категорија:Американски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на Summit Entertainment Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови засновани на вистински настани Категорија:Филмови на Стив Меквин Категорија:Филмови со Бред Пит Категорија:Филмови со Мајкл Фасбендер Категорија:Историски филмови Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Филмови за робови