Јун Ил-Лок (роден на 7 март 1992 година) — професионален фудбалер од Јужна Кореја кој во моментов игра за ФК Сеул во Кеј лигата.
Тој, исто така има играно за неколку младински селекции на Јужна Кореја, а во 2013 дебитирал за сениорската репрезентација на неговата земја.
Кариера Јун се приклучил на младинската школа на Гјеонгнам како тинејџер и откако ги поминал сите младински категории во 2011 година бил повикан за натпреварите на првиот тим. Своето деби го имал на 13 март 2011, во победата на Гјеонгнам над Улсан со 1-0; играјќи во почетниот тим сè до 84-тата минута кога бил заменет. Речиси еден месец подоцна, тој го постигнал својот прв гол во Кеј лигата во победата на домашен терен над Инчеон Јунајтед со 2-1.
Во јануари 2013, Јун потпишал за ФК Сеул за необјавена трансфер сума.
Надворешни врски Јун-Ил Лок на soccerway Јун-Ил Лок на transfermarkt
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Јужнокорејски фудбалери Категорија:Родени во 1992 година