Папили на главата на пенисот — мали испапчувања кои може да се појават на круната на главата на пенисот. Тие се безопасни анатомски варијации. Иако погрешно се мешаат со ХПВ, папилите не се сексуални пренослива зараза и не се инфективни.
Папилите се појавуваат во една или неколку редици во вид на мали бледоцрвенкасти мазни израстоци. Големината може да биде различна, од помалку од 1 мм до 3 мм. Според податоците од 1999, се проценува дека тие се присутни од 8 до 48% од машкото население во светот. Исто така, според истражувањата, се покажало дека тие почесто се појавуваат кај помладите мажи и кај тие кои не се обрежани.
За папилите понекогаш се смета дека се остатоци од пенисните боцки, чувствителни делови на пенисот кај останатите цицачи. Животните кои имаат пенисни боцки имаат подобро сексуално задоволство и побрз оргазам.Paleoanthropology, Genetics, and Evolution
Медицинско отстранување Папилите не се опасни за здравјето на мажот, но сепак некои мажи или нивните партнери може да ги сметаат за неестетски.http://www.nomorepapules.com/WhatisPPP.html Има неколку начини за нивно отстранување. Како и секој медицински потфат има опасност за компликации, па советот на лекарите е да не се отстрануваат истите.Oxford handbook of genitourinary medicine, HIV, and AIDS, Volume 13 by Richard Pattman, Michael Snow, Pauline Handy, Babiker Elawad
Наводи
Поврзано Човеков пенис Глава на пенис Круна на главата на пенисот
Надворешни врски
DermAtlas—информации и слики Видео за папилите
Категорија:Пенис