Обична змијоглавка () — цветно растение од от змијоглавка (Echium) кое природно вирее во најголемиот дел од Европа (вклучувајќи ја Македонија), како и западна и средна Азија.Flora Europaea: Echium vulgareGermplasm Resources Information Network: Echium vulgare Често се среќава и во Северна Америка.Dickinson, T.; Metsger, D.; Bull, J.; & Dickinson, R. (2004) ROM Field Guide to Wildflowers of Ontario. Toronto:Royal Ontario Museum, стр. 203. Растението е распространето и во Македонија. Ова е двегодишно или едноплодно повеќегодишно растение со висина од 30–100 см и груби влакнести зашилени листови. Стеблото е вертикално неразгрането или од основата разгрането со неколку цветни гранчиња. Цветовите се со многу куса дршка и розова боја на почетокот на цветањето, а подоцна добиваат впечатлива сина или ретко бела боја, неподвижни и формираат хоризонтални цветни гроздови. Имаат пречник од 15-20 мм, распоредени на разгранет шилец и имаат издадени прашници. Поленот има сина боја но толчничките кончиња остануваат црвени, сопоставени наспроти сините цветови. Целото растение е многу влакнесто. Чашката е долга од 5 до 7 мм. со пет линејни речиси нееднакви чашкини сегменти, со долги четинести влакна. Прашниците се темноцрвени филаменти и излегуваат надвор од венчето. Столпчето излегува надвор од венчето на врвот со дводелен жиг. Цвета од јуни до октомври.

Собирање и употреба

Се среќава на суви и голи места, како и на депонии.Fitter, R. & A. (1974). The Wild Flowers of Britain and Northern Europe. Collins.

До колку старото растение се искоси за кратко ќе изникнат нови стебла и ќе цветаат до првите мразеви. Расте како самоизникната по ливадите и напуштените пасишта, а се размножуваат од семе. Нема посебен мирис, а вкусот на растението е горчлив. Најчесто расте на сува и каменеста почва, покрај патишта, во близина на населби и шуми, во близина на ѕидови, на необработено земјиште, насипи и слично.Растението е медоносно.

Растението е доведено во Северна Америка и денес е одомаќинето на делови од континентот. Во сојузната држава Вашингтон важи за инвазивен вид.

Расте покрај патишта, неорани ниви, по брдски патишта,рабови на шуми до 1700 м надморска височина. Широко распространето растение на трериторијата на Република Македонија.<ref>Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 115, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Се одгледува како маслодајно растение поради присуството на масни киселини во семето. Како и лисичинката и ноќничето, содржи значителни количества на гама-линолеинска киселина, но и поретката стеаридонска киселина.National Non-Food Crops Centre. Echium — NNFCC Лековити својства Растението содржи: консолидин, циноглосин, алантоин, сапонини, пиролизидни алкалоиди, масни масла, слуз, каротен, витамини Ц и Е, минерални соли и танини. Во народната медицина за лекување се собираат листовите и целото растение за време на цветењето. Делови од растението се користат како лек за лекување грозница и грозничави состојби (се користат долните листови како чај), главоболка, како последица од невроза или нервни компликации (чај), болни воспалителни состојби (чај), разни рани, модринки, едеми на кожата (се става облога од иситнети листови), каснувања од отровни змии (се користи од подготвени листови како каша, кои се ставаат на местото на гризнувањето, раната, со пиење на чај), респираторни органи и патишта (за намалување на кашлица и за исфрлање на секрет со тврда слуз од бронхиите), проливи (при разни инфекции на цревата, или расипана храна), јакнење на машката потенција, болести на кожата (изгореници, чиреви, пришт, како и чувствителна кожа (се користи сок од целото растение), како и за предизвикување на потење (дијафоретик) и за јакнење на мокрењето (диуретик). Од коренот на билката се изработува мелем за рани, изгореници, вени и хемороиди.Живко Најдовски: Лековити растенија - Ваш чудесен лек",, стр. 59, издавач: авторот, Скопје, 2013

Поврзано Вилдпретова змијоглавка — ендемит на Тенерифе, Канарски Острови

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Змијоглавка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Градинарски растенија Категорија:Маслодајни растенија Категорија:Медоносни растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа