Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Трн. Претставува населба од неолитско време. Се издига во самото село, има пречник од околу 300 м и зачувана височина од 5 м. Дел од селските куќи се изградени врз неа па така, при копањето на темелите, сопствениците наоѓале фрагменти од керамички садови, орудија од камен и кремен, куглички за праќа и др.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Голема Тумба — населба од неолитско време; Мала Тумба — населба од неолитско време; Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Трн; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Трн (село)