За римската божица на љубовта и убавината видете: Венера (божица)

Венера (народно: Обденица) — втора планета од Сонцето, орбитирајќи на секои 224,7 Земјини денови. Го има најдолгиот вртежен период (243 дена) од сите други планети во Сончевиот Систем и ротира во спротивна насока од другите планети (што значи дека Сонцето изгрева на запад, а заоѓа на исток). Нема ниту една месечина. Именувана е според римската божица на љубовта и убавината. По Месечината, таа е вториот најсјаен објект кој може да се види на ноќното небо, достигнувајќи привидна величина од −4,6 – доволно светла за да направи сенка навечер и поретко, видлива со голо око сред бел ден. Максималната видливост планетата ја има пред изгрејсонце и малку по зајдисонцето. Затоа, често се именува како утринска ѕвезда или ѕвезда вечерница. Орбитирајќи во Земјината орбита, Венера е долна планета и никогаш не изгледа како да се оддалечува далеку од Сонцето; максималното аголно растојание од Сонцето (издолженост) е 47,8°.

Венера е земјовидна планета и понекогаш ја нарекуваат сестра на Земјата поради нивната слична големина, маса, близина до Сонцето и состав. Таа е различна од Земјата во други аспекти. Ја има најгустата атмосфера од четирите земјени планети, и се состои од повеќе од 96 % јаглерод диоксид. Атмносферскиот притисок на површината на планетата е 92 пати од оној на Земјата, или приближно притсокот што се наоѓа на под водата на Земјата. Венера е најжешката планета во Сончевиот Систем, со средна температура на површината од , иако Меркур е поблиску до Сонцето. Венера е обвиткана со непровиден слој од високоодбивачки облаци од сулфурна киселина, спречувајќи нејзината површина да се гледа од вселената во видлива светлина. Можно е да имало океани со вода во минатото, но тие би испариле со зголемување на температурата поради ефектот на стаклена градина. Водата најверојатно фотодисоцирала, а ослободениот водорот бил однесен во меѓупланетарниот простор од страна на сончевиот ветер поради недостатокот на планетарното магнетно поле. Површината на Венера е сува пустина прошарана со камења слични на плочи и со периодично јавување на вулканизам.

Како едно од најсветлите тела на небото, Венера игра голема улога во човечката култура од кога постојат записи. Таа е света за боговите на многу култури, и е примарна инспирација за писатели и поети како утринска ѕвезда и вечерна ѕвезда. Венера е првата планета чие движење било исцртано низ небото, уште од вториот милениум п.н.е.

Како планета што е најблиску до Земјата, Венера била главна мета за раното меѓупланетарно истражување. Таа била првата планета после Земјата која ја посетила вселенско летало (Маринер 2 во 1962), и првото кое успешно слетало (Венера 7 во 1970). Густите облаци на Венера го оневозможуваат набљудувањето на нејзината површина во видливата светлина, а првите детални карти не се појавиле сè до пристигнувањето на орбитерот Магелан во 1991 година. Предложени се планови за планетарни возила или посложени мисии, но тие се попречени од непријателските површински услови на Венера.

Физички одлики

Венера е една од четирите внатрешни планети во Сончевиот Систем, што значи дека има карпесто тело како Земјата. Слична е со Земјата во големина и маса, и често ја нарекуваат "сестра" или "близначка" на Земјата. Пречникот на Венера е —само помалку од таа на Земјата—а нејзината маса е 81.5% од таа на Земјата. Условите на површината на Венера се радикално различни од оние на Земјата поради нејзината густа атмносфера која е 96.5% јаглерод диоксид, а останатите 3.5% се во најголем дел азот.

Географија

Површината на Венера била предмет на шпекулации сè додека некои од нејзините тајни не биле откриени од страна на планетарната наука во 20 век. Сондите на Венера во 1975 и 1982 вратиле слики од површината покриена во седимент и камења под агол. Површината била мапирана во детали од страна на Магелан во 1990–91. Земјата покажува докази за екстензивен вулканизам, и сулфурот во атмносферата може да укаже на тоа дека имало во скоро време ерупции.

Скоро 80% од површината на Венера е покриена од измазнети, вулкански рамнини, кои се состо од 70% рамнини со збрчкани гребнатини и 10% со мазни или лобуратни рамнини. Остатокот од површината го сочинуваат два планински предели, "континенти", едниот лежи на северната полутопка на планетата, а другиот јужно од екваторот. Северниот континент е наречен Иштар Тера, именуван по Иштар, Бабилонската божица на љубовта, и е со големина колку Австралија. Максвел Монтес, највисоката планина на Венера, се наоѓа на Иштар Тера. Вевот е над просечната надморска височина на Венера. Северниот континент е наречен Афродита Тера, именуван по Грчката божица на љубовта, и е поголемиот од двата планински предели, со големина колку Северна Америка. Мрежа на фрактури и грешки го опфаќа поголемиот дел од оваа област.

Отсуството на докази за проток на лава придружени со каква било видлива каладера останува енигма. Планетата има неколкуударни кратери, покажувајќи дека површината е релативно млада, конкретно 300–600 милиони години е стара. Венера има неколку уникатни одлики на површината поради ударните кратери, планините, и долините кои најчесто се јавуваат кај карпестите планети. Покрај овие работи има и вулкански одлики со рамни врвови, наречени "фара", кои имаат облик на палачинка и имаат големина од во должина, и од висина; радијални системи на фрактури слични на ѕвезди наречени "нова"; одлики со радијални и концентрични фрактури слични на пајакови мрежи, познати како "арахноиди"; и "корона", кружни прстени на фрактури понекогаш опкружени со вдлабнатина. Овие одлики по потекло се вулкански.

Повеќето од одликите на површината на Венера се именувани по историски и митолошки жени. Исклучоци се Максвел Монтес, именувани по Џејмс Клерк Максвел, и планинските региони Алфа Регио, Бета Регио, и Овда Регио. Последните три одлики се именувани пред сегашниот систем да биде усвоен од страна на Меѓунардниот Астрономски Сојуз, којшто ја надгледува планетарната номенклатура.

Должините на физичките одлики на Венера се изразени во однос на нејзиниот примарен меридијан. Оригиналниот примарен меридијан поминува низ радарот на светла точка во центарот на овалната одлика Ева, сместена на Алфа Регио. Откако завршиле мисиите на Венера, приматниот меридијан бил редефиниран да помине низ централниот врв во кратерот Ариадна.

Површинска геологија

Се чини дека поголемиот дел од површината на Венера е обликувана од вулканска активност. Венера има неколкупати повеќе вулкани од Земјата, има 167 големи вулкани, кои се над 100 км. (62 ми). Единствениот вулкански комплекс од оваа големина на Земјата е Големиот Сстров на Хаваи.Ова не е затоа што Венера е повеќе вулкански активна од Земјата, туку затоа што нејзината кора е постара. Земјината океанска кора постојано се рециклира со подвлекување на границите на тектонските плочи, и има просечна старост од околу 100 милиони години, додека површината на Венера е проценета да е 300-600 милиони години стара.

Неколку докази упатуваат на тековната вулканска активност на Венера. За време на Советската програма на Венера, орбитарот Венера 9 доби спектроскопски докази за молња на Венера, а Венера 12 доби дополнителни докази за молња и гром. Европската вселенска агенија со Венера Експрес во 2007 година откри дека ѕвездените бранови ја потврдуваат појава на молња на Венера. Една можност е дека пепелта од вулканска ерупција генерира молња. Друг доказ доаѓа од резултатот на мерењата на концентрациите на сулфур диоксид во атмосферата, кои паднал за фактор 10 помеѓу 1978 и 1986 година, скокна во 2006 година и повторно опадна 10 пати. Ова може да значи дека нивоата биле зголемени неколкупати поради големите вулкански ерупции.

Во 2008 и 2009 година, првиот директен доказ за тековен вулканизам бил забележан од страна на Венера Експрес, во форма на четири минливи локализирани инфрацрвени жаришта во рамките на зоната на раседот Ганис Часма, во близина на штитниот вулкан Маат Монс.Три дамки биле забележани во повеќе од една последователна орбита. Се смета дека овие дамки претставуваат лава која само што е пуштена од вулкански ерупции. Вистинските температури не се познати, бидејќи големината на жариштата не може да се измери, но најверојатно е во опсегот од 800-1,100 К (527-827 °C; 980-1,520 °F), во однос на нормалната температура од 740 K (467 °C; 872 °F).

Илјадници ударни кратери се рамномерно распоредени низ површината на Венера. На други кратерни тела, како што се Земјата и Месечината, кратерите покажуваат голем број на состојби на деградација. На Месечината, деградацијата е предизвикана од последувателните удари, додека на Земјата е предизвикана од ерозија на ветер и дожд. На Венера, околу 85% од кратерите се во иста состојба. Бројот на кратерите, заедно со нивната добро сочувана состојба, укажува на тоа дека планетата претрпела глобален обновувачки настан од пред околу 300-600 милиони години, проследен со распаѓање на вулканизмот. Додека Земјината кора е во континуирано движење, се смета дека Венера не е во можност да одржи таков процес. Без тектоника на плочи за да се распадне топлината од нејзиниот плашт, Венера наместо тоа поминува низ цикличен процес во кој температурите на обвивката се зголемуваат додека не достигнат критично ниво што ја ослабува кората. Потоа, во период од околу 100 милиони години, подвлекувањето се случува на огромно ниво, за целосно рециклирање на кората.

Кратерите на Венера имаат големина од во пречник. Кратерите не се помали од 3 км, поради ефектите на густата атмносфера на дојдовните објекти. Објектите со помалку од одредената кинетичка енергија се толку забавени од атмносферата што не создаваат ударен кратер. Дојдовните проектили со помалку од во пречник, ќе се фрагментираат и ќе изгорат во атмносферата пред да ја достигнат површината.

Внатрешна структура

Без сеизмички податоци или познавање на моментот на инерција, достапни се малку информации за внатрешната структура и геохемијата на Венера. Сличноста во големината и густината помеѓу Венера и Земјата сугерира дека имаат слична внатрешна структура: јадро, обвивка, и кора. Како и на Земјата, јадрото на Венера е делумно течно, бидејќи двете планети се ладат со приближно иста брзина. Помалата големина на Венера значи дека притисоците се 24% пониски во длабочината на внатрешноста од Земјата. Главната разлика меѓу двете планети е недостатокот на докази за тектонски плочи на Венера, веројатно затоа што нејзината кора е премногу силна за да се движи без вода која би и овозможила да биде помалку вискозна. Резултат на ова е намалената загуба на топлина од планетата, што ја спречува да се лади и да надомести за недостатокот на внатрешно генерирано магнетно поле. Наместо тоа, Венера може да ја изгуби својата внатрешна топлина во големи периодични настани.

Атмносфера и клима

Венера има многу густа атмносфера составена од 96.5% јаглерод диоксид, 3.5% азот, и траги од други гасови, најмногу забележлив сулфур диоксид. Масата на атмносферата е 93 пати поголема од таа на Земјата, додека притисокот на нејзината површина е околу 92 пати поголем од оној на Земјата - притисок еквивалентен на оној на длабочина од речиси под Земјините океани. Густината на површината е 65 кг/м3, 6.5% од водата или 50 пати погуста од атмносферата на Земјата на на ниво на море. Богатата со атмносфера го генерира најсилниот ефект на стаклена градина во Сончевиот Систем, правејќи ја температурата на површината да биде најмалку . Ова ја прави површината на Венера да е потопла од површината на Меркур, чија минимална температура на површината е а максималната температура на површината е , иако оддалеченоста на Венера од Сонцето е двапати поголема од оддалеченоста на Меркур, и добива само 25% од сончевото зрачење на Меркур. Оваа температура е повисока од онаа што се користи за стерилизација.