Ламборгини Сесто Елементо (, букв. „Шести елемент“) — двоседен суперавтомобил со V10-мотор на италијанскиот автопроизводител Ламборгини. Претставен е на Парискиот автосаем во 2010 г. Името на италијански значи „шести елемент“, што се однесува на атомскиот број на јаглеродот во периодниот систем, кој е многу застапен во облик на јаглеродни влакна во конструкцијата на автомобилот. Произведен е во многу ограничен број.
Конструкција и особености Автомобилот е опремен со V10-мотор преземен од моделот Галардо, со работната зафатнина од 5.200 см³ (5,2 л) и 6-брзински полуавтоматски менувач со лопатки зад воланот и погон на сите тркала. Има моќност од 570 кс (425 kW) и момент на сила од 540 N·m.
Шасијата, каросеријата, погонската осовина и амортизерските делови се направени од јаглеродни влакна (графитни влакна), со што вкупната тежина е сведена на само 999 кг — споредливо со онаа на мал градски автомобил како што е Хонда Фит. Ова е најлесниот автомобил на Ламборгини.
Воздухот се испушта од 10 карактеристични шестаголни отвори на капакот, а има и два отвора низ кој струи ладен воздух во моторот, поставен во средината на возилото. Големата моќност и малата тежина на возилото даваат сооднос сила-тежина од 0,57 КС/кг (или тежина-сила од 1,75 кг/кс). Според производителот, автомобилот развива 100 км/ч за само 2,5 секунди.
Ограниченост на производството мини|десно|Сесто Елементо изложен на Парискиот автосаем во 2010 г. Произведени се само 20 автомобили од овој модел, и пуштени во продажба во 2013 г. Сите биле продадени веќе во 2012 г., по цена од 1,6 до 2,1 милиони евра.
Наводи
Надворешни врски
Сесто Елементо Категорија:Концептни автомобили