Претседател на Европската комисија — функционер на чело на Европската комисија. Тој ја претставува извршната власт на Европската Унија (ЕУ) и е најмоќниот носител на функција во ЕУ. Претседателот е одговорен за распределување на ресори на членовите на Комисијата, а може и да ги прегрупира или распушти членовите доколку е потребно. Тој одлучува за политичката агенда на Комисијата и сите законодавни предлози што поизлегуваат од неа (Комисијата е единственото тело во ЕУ што може да предлага закони). Исто така, Претседателот на Комисијата ја претставува ЕУ во странство, иако го прави тоа заедно со Претседателот на Европскиот совет и со Високиот претставник (кој во Комисијата е заменик - претседател). Меѓутоа, Претседателот, за разлика од стандарден шеф на влада, не ја формира надворешната политика, не командува со воените сили и не ги зголемува даноците бидејќи тие се надвор од надлежноста на ЕУ.

Местото за Претседател на Европската комисија се воспостави во 1958 година и се избира за петгодишен мандат од Европскиот парламент по предлог на Европскиот совет. Откако се донесува конечна одлука,претседателот заедно со неговата Комисија одговара на Парламентот којшто може да го критикува. Во моментов претседател е Хосе Мануел Баросо, кој ја презеде функцијата во октомври 2004 година. Тој е член на Европската народна партија (ЕНП) и е поранешен премиер на Португалија. Баросо е единаесеттиот претседател и беше повторно избран во 2009 година за уште еден мандат од 5 години. Од 2010 година, негов заменик – претседател е Високиот претставник Кетрин Ештон, бароница Ештон на Апхоланд.

Историја

Местото за Претседателот на Европската комисија се воспостави во 1957 година заедно со создавањето на Европската комисија. За време на Жак Делор, оваа функција стана значително претседателска и сега е доминантна сила во Комисијата, иако се соочувала со кризи како што е оставката на Сантеровата комисија.

Воспоставување

Пред воспоставувањето на сегашната Европска комисија, постоеше Врховен орган на Европската заедница за јаглен и челик. Во 1957 година, Договорот од Рим ја воспостави тогашната Комисија и исто така го замени Врховенот орган и Комисијата на Европската заедница за атомска енергија во 1967 година. Првиот претседател на Комисијата беше Волтер Халштаин кој започнал со консолидирање на европското право и започнал да влијае на националното законодавство. Националните влади на почетокот не обрнуваа внимание на неговото раководење и претседателот на почетокот морал да го погази авторитетот на Комисијата. Со помош од Европскиот суд на правдата, комисијата почна да се сфаќа посериозно.

Во 1965 година, Халштаин ги изнесе неговите предлози за Заедничката аграрна политика, што би и дале сопствени финансиски средства на заедницата и во исто време Комисијата и Парламентот би добиле повеќе моќ и би се отстанило правото на вето врз земјоделството во Советот. Овие предлози предизвикаа итна реакција од Франција. Халштаин знаеше дека предлозите ќе бидат спорни и тој презеде лична одговорност во нивното изготвување, потиснувајќи го Комесарот за земјоделство. Сепак, со неговите предлози тој ја доби поддршката од Парламентот за зголемување на неговите надлежности, и исто така тој ја претстави неговата политика пред Парламентот една недела пред да ги поднесе своите предлози во Советот. Тој сакаше да покаже како треба да се раководи со заедницата, со надеж да предизвика доволно силен бран на проевропејство за да ги избегне приговорите на земјите – членки. Меѓутоа, со ова се докажа дека и покрај неговите претходни успеси, Халштаин беше премногу самоуверен во неговите ризични предлози.

Како реакција на предлозите и акциите на Халштаин, тогашниот француски претседател Шарл де Гол, кој беше скептичен за растењето на наднационалната моќ на Комисијата, го обвини Халштаин дека се однесува како да е шеф на држава. Франција постепено го повлече нејзиниот претставник во Советот, предизвикувајќи ја познатата „криза на празни столчиња“. Иако ова беше решено со „Луксембуршкиот компромис“, Халштаин стана жртвен јарец на кризата. Советот одби да го обнови неговиот мандат и покрај тоа што тој беше „најдинамичниот“ водач пред Жак Делор.

1967 – 85

Работата на Халштаин и овозможи на Комисијата да биде вистински играч. Во текот на 1967 – 1985 година, претседателите беа вклучени во големи политички проекти, како што е создавањето на Европскиот монетарен сојуз. Во 1970 година, претседателот Жан Реј обезбеди финансиски средства за Заедницата. Во 1977 година претседателот Рој Џенкинс стана првиот Претседател на Комисијата кој присустувал на самит на Г8 во име на Заедницата.

Меѓутоа, поради проблемите како нафтената и енергетската криза во 1979 година, економските тешкотии ги ставија европските идеали на последно место. Земјите – членки имаа предност и тие го создадоа Европскиот совет за да се разгледуваат актуелните проблеми, но сепак Советот не можеше да оствари големите проекти како, на пример Заедничката аграрна политика. Заедницата се најде во период на економска стагнација поради економските потешкотии и несогласувањата околу буџетот на Заедницата и сè до Комисијата на Торн, Претседателот на Комисијата не можеше да го употреби неговото влијание во некои позначајни мери.

Претседателствување

Сепак, Комисијата започна да се подобрува за време на Комисијата на претседателот Жак Делор. Тој се смета за најуспешниот претседател, поради тоа што придонел Комисијата да почне да се управува во вистинската насока и динамика. Интернешанал Хералд Трибуне (International Herald Tribune) ја истакна работата на Делор при крајот на неговиот втор мандат во 1992 година: „Господин Делор ја спаси Европската заедница од депресијата. Тој стапи на сцена кога европскиот песимизам беше во неговата најсилна форма. Иако беше помалку познат министер за финансии и поранешен член на Европскиот Парламент, тој внесе живот и надеж во Европската комисија и во безнадежната Бриселска комисија. За време на неговиот прв мандат, од 1985 до 1988 година, тој ја соедини Европа на повикот за Единствен пазар и кога беше назначен за втор мандат тој започна да ги води Европејците кон многу поамбициозни цели на економска, монетарна и политичка унија.“

Но Делор не само што направи пресврт во Заедницата, туку тој ја покажа и промената во претседателството. Пред да дојде на власт, Претседателот на Комисијата уште беше позиција на „прв меѓу еднаквите“(first among equals), а кога ја напушти функцијата тој беше неоспорно икона и водач на Заедницата. Неговиот мандат придонесе за силно претседателство и силна Комисија каде што претседателот стануваше се поважен. Идните договори ја зацврстија оваа промена, со тоа што на Претседателот му се даде моќ во распределувањето на ресорите и во распуштањето на комесарите. Кога претседателот Романо Проди ја презеде функцијата со новите надлежности од Договорот од Амстердам, новинарите го нарекоа првиот Премиер на Европа. Работата на претседателот Делор ги зголеми надлежности на Парламентот и тој ја уживаше неговата поддршка. Меѓутоа, следните Комисии не ја уживаа истата поддршка од Парламентот и во 1999 година Парламентот ги искористи своите надлежности и ја присили Комисијата на Сантер да даде оставка.

Парламентарен надзор

Од историски аспект, Претседателот на Комисијата и целото владино тело се назначувале од Советот со едногласност, без влијание од Парламентот. Меѓутоа, со Договорот за Европската Унија од 1993 година, се донесе одлука Парламентот да учествува во назначувањето на Претседателот и да може да ѝ даде вето на Комисијата во целост. Парламентот реши да го протолкува своето право за консултација како право да стави вето на Претседателот, што Советот неволно го прифати. Ова право на вето се официјалицираше со Договорот од Амстердам. Договорот од Ница го промени правото на гласање на Советот од едногласен избор до гласање каде што е потребно квалификувано мнозинство. Ова значеше дека улогата на Парламентот во овој процес се зголеми резултирајќи во полупарламентарен систем каде што едната група не може да биде во владата. Ова стана очигледно во 2004 година кога беа предложени многу кандидати и десницата ја победи левицата заедно со Франција и Германија. Тогаш Баросо беше принуден да се повлече од избирањето на Комесарите поради закана од Парламентот дека нема да ја одобрат неговата Комисија.

Во 2009 година, Европската народна партија (European People’s Party) го поддржа Баросо како нивен кандидат за Претседател на Комисијата и партијата подоцна ја задржа нејзината позиција како најголема група во изборите во 2009 година. Социјалистите одговорија со ветување дека ќе предложат противкандидат на следните избори. Парламентот повторно го принуди Баросо да направи промени во неговата предложена Комисија,Махони, Хонор (19 јануари 2009). "EU commission vote delayed as Bulgarian nominee steps down ", EU Observer но на крајот сепак ја доби потребната дозвола. Сепак во размена за дозволата, Парламентот изнуди неколку отстапки од Баросо во однос на парламентарното претставување пред Комисијата и меѓународните средби. На 7 септември 2010 година, Баросо и дозволи на првата држава во американски стил да му се обрати на Парламентот, што првично се фокусираше за заживување на економијата и на човековите права.Ретман, Андру (7 септември 2010). "EU has survived economic crisis, Barroso says in first State of Union address ", EU Observer

Назначување

Член 17 од Договорот за Европската Унија, дополнет со Лисабонскиот договор, ја покажува постапката за назначување на Претседателот и на неговиот тим. Европскиот совет гласа со квалификувано мнозинсто за кандидат за местото на Претседател, земајќи ги предвид последните европски избори. Потоа, предлогот се поднесува пред Парламентот кој мора да го одобри или да стави вето на назначувањето. Ако кандидатот е поддржан од апсолутно мнозинство на членови на Европскиот парламент, тој/таа се избира. Тогаш Претседателот, заедно со Советот, го предлага неговиот тим до Парламентот за внимателно да се разгледа. Обично Парламентот инсистира секој од нив да се појави на јавно сослушување пред парламентарен комитет што одговара со неговиот/нејзиниот иден ресор. Тогаш Парламентот гласа за Комисијата како целина и ако е одобрена, Европскиот совет, во улога на квалификувано мнозинство, го назначува Претседателот и неговиот тим.Article 17 of the Treaty on European Union (Lisbon amended), (PDF) Eur-Lex

Транспарентност

Квалификуваното мнозинство во Советот доведе до тоа повеќе кандидати да бидат селектирани додека постоеше големо политизирање поради вклучувањето на Парламентот и промената на политичката насока во ЕУ. Сепак, и покрај тоа, изборот во Советот останува зад затворени врати. За време на назначувањето на Сантер, дискусиите се чуваа во тајност, а медиумите се надеваа на внатрешни пропусти. Членовите на Европскиот парламент беа гневни на овој процес бидејќи беше против советувањето, што беше одлучено со новиот Договор на Европската Унија. Членот на Европскиот парламент Паулин Грин, водач на социјалистичката група, изјави дека новата група сметала дека „Парламентот треба да одбие да премине преку практиката која толку многу го оцрнува демократскиот процес“. Имаше слични договори во 1999 година и затоа во 2004 година се виде повторување на назначувањето на Сантер кога Баросо беше назначен преку серија на тајни средби помеѓу водачите без да се изнесат соопштенија за преговорите во јавноста.

Критериуми