Корбец (Горбец, Горбеч или Корабец; , Трикларио) — планина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Сместена е во јужниот дел на Општина Преспа, Лерински Округ, по границата со Албанија. Долга е околу 30 километри. Највисоката точка е на надморска височина од 1.776 метри. Планината претставува јужна граница на Преспанската Котлина.

На север Корбец е сврзан со планината Баба, а Желевска (Рулска) Река го дели од Нередска Планина на исток, при што на дното се наоѓа Малото Преспанско Езеро. Највисок врв е Корбец е Врба, на надморска височина од 1.776 м. Други врвови на планината се Орлово (1.715 м), Каракол (1.689 м) и Црн Срт, 1.394 м.in.gr - Αγροτουρισμός

Поврзано Баба (планина) Преспа (општина) Корешта

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Грција Категорија:Планини во Албанија Категорија:Преспа Категорија:Преспа (општина)