Љупчо Јордановски (, Штип — , Почина поранешниот претседател на Собранието на Македонија) — македонски политичар, професор и сеизмолог, претседател на Партијата на слободни демократи и претседател на Собранието на Република Македонија.
Бил оженет и татко на три деца. Во 1975 година, тој станал дипломиран електротехнички инженер на Електротехнички факултет при Загрепскиот универзитет. Докторирал на Универзитетот Јужна Калифорнија во САД во 1985. Тој бил активен на политичката сцена во 2000-тите.
Академски звања
1998 — 2003: редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија, Институт за физика на Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ 1995 — 1999: редовен професор на Рударско-металуршкиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ — Штип 1992 — 1995: вонреден професор при Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј" — Скопје. 1987 — 1992: доцент при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет "Свети Кирил и Методиј" — Скопје 1978 — 1987: асистент при ИЗИИС — Скопје 1982 — 1985: асистент на Катедрата за градежништво на Универзитетот на Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија
Политички ангажмани
1991 — 1995: Член на Претседателството на СДСМ 1995 — 1999: Член на Централниот одбор на СДСМ 1999 — 2003: Член на Претседателството на СДСМ и на Меѓународниот комитет на СДСМ 2002: Пратеник и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата 2003: Претседател на Собранието на Република Македонија 7 март 2004 — 12 мај 2004: Вршител на функција Претседател на Република Македонија. април 2006 — декември 2006: амбасадор на Република Македонија во САД 21 октомври 2007 — претседател на Партијата на слободни демократи
Надворешни врски Комеморативна седница во собранието — видео
Наводи
Категорија:Политичари од Штип Категорија:Македонски сеизмолози Категорија:Југословенски сеизмолози Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Претседатели на Собранието на Македонија Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Амбасадори на Македонија во САД Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на Загрепскиот универзитет