мини|десно|Елешка (Сакулева) Река помеѓу селата Сакулево и Долно Клештино.
Јелешка Река (лерински назив: Сакулева или Секулева, Сакулина (, Сакулевас) — река во западниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција) и јужниот дел на Македонија.
Зафаќа сливно подрачје од 876,8 км2. Претставува главна водна артерија на Леринското Поле.
Течение
Реката извира од планината Баба и тече на исток во тесна длабока долина под името „Сакулева Река“, преминува во рамницата Пелагонија и тече низ градот Лерин. Потоа свртува на север, минува крај селото Сакулево (чие име го носи), преоѓа во Македонија и се влева во големиот свијок на реката Црна над селото Брод, Општина Новаци, каде е позната како „Јелешка Река“.
Притоки → лева притока, ← десна притока → Голема РекаПо топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“ ← Малицка Река (Грачина) ← Зелица (Трено Поче) ← Белкаменска Река (Менска Река) ← Стара Река ← Росенска Река → Мелисово (Сињацка) → Манастирица ← Воденица → Кулоцка ← Стара Река (Цингелица, Палео Рема, Геропотамос) → Мусанка → Јанакио ← Каландо → Филио → Камен Дол → Сушица → Гусација
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Реки во Грција Категорија:Пелагонија Категорија:Лерин