Пачарешко или Пачарешќој (, Проастио; до 1926 г. Πατσαρέσκιοϊ, ПацаресќојΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πατσαρέσκιοϊ -- Προάστειον) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 40 жители (2021) и сè до 1924 г. било исклучиво македонско.
Географија и местоположба Селото се наоѓа околу 3 км јужно од градот Воден, во североисточните падини на планината Каракамен. Оддалечено е околу 500 м од главниот пат и се наоѓа на надморска височина од 140 м.
Историја Со Букурешкиот договор во 1913 г. Пачарешко е припоено кон грчката држава. Во 1924 г. се доведели Грци-бегалци Во 1926 година селото е прекръстено на Проастио. Во 1928 г. Пачарешко имало веќе претставувало мешано мештанско-доселеничко со 13 доселенички семејства со вкупно 56 члена.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде покрај Пачарешко, спаѓаат градот Воден и селата Котугери и Црковјани.
Стопанство Главно занимање на населението се земјоделството, овоштарството и сточарството.
Наводи
Категорија:Воден