Папрат ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Ποντοκερασιά — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 30 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 698 метри.

Папрат опфаќа површина од .

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Папрат се состоело од 80 семејства и 253 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Папрат имало 710 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 700 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 595 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Пондокерасија.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 348 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 711 жители. Зголемувањето на бројот на жители најверојатно се должи на населувањето на жители од соседните села.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 390 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 321 жител, во 1971 година имало 166 жители, во 1981 година имало 125 жители, додека во 1991 година имало 192 жители. Денеска, населението на селото е 146 жители според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Кукуш