мини|Шопска носија (женска) од с. Жидилово, Источниот дел на Славиште Носиите од шопскиот регион биле носени во Шопско-Македонската етнографска целина која претставува дел од поголемата Шопска област. Таа ги зафаќа деловите од североисточна Македонија, а преоѓа и во југоисточна Србија (по течението на реката Тимок) и западна Бугарија (до Софија). Се издвојува како посебна, со население кое зачувало многу архаични особини во својата материјална и духовна култура, а со тоа и во својата носија. На наша територија, како шопски носии ги среќаваме носиите (почнувајќи од север кон југ) во пределските целини: Источен дел на Славиште и Дурачка Река (и двата во Криво- паланечкиот регион), Осоговија, дел од Кратовско-Злетовското Поле, Пијанец, Малешево, Благоевградско, Радовишки Шоплук и Горноџумајско Поле во пиринскиот дел на Македонија.
Региони Во составот на Шопско-Македонската етнографска целина влегуваат носиите од следниве региони: Источниот дел на Славиште селата по Дурачка Река Пијанец Радовишки Шоплук Малешево пределот околу Горна Џумаја (Благоевград) Заеднички карактеристики
Во македонскиот дел од шопската етнографска целина главна одлика на носиите се облеки со карактеристичен крој, едноставни и не многу шарени ткаенини, помала застапеност на декоративни и прецизно изведени украси и помалку накит. Покрај оваа, битна карактеристика претставувал и нивниот претежно темен колорит, кој бил условен од начинот на носење т.е. долните бели облеки (памучни) најчесто биле целосно покриени од горните делови - направени од црн или кафеав шајак или пак од пругастите ткаенини како алаџа и антерија, кои најчесто биле ткаени на темноцрвена основа.
Носиите во оваа област се доста слични со носиите од Средновардарската подгрупа и делови од Струмо-местанската етнографска целина, што може да се види пред сè во употребата на ткаенини, кројот и украсните елементи. Поврзаноста се гледа во колористичките содржини, особено кај пругастите ткаенини, кои откриваат локална специфичност. Посебно се истакнуваат некои облековни елементи, како што се женските скутини од Малешево и Пијанец, изработени со карактеристични каро комбинации и голема вештина во ткаењето. Меѓу овие носии, најиздиференцирани се женските носии од Источно Славиште и Пијанец, кои покажуваат јасни врски, односно тежнеење кон носиите од Ќустендилскиот регион во соседна Бугарија.
Овие основни одлики на народното облекување во изолираните планински предели на регионот што го зафаќаат шопските носии се одржувале во долга низа години, речиси со неизменети форми, зачувувајќи многу традиционални белези од старословенската и старобалканската облековна традиција, како и турско - ориентални културни елементи. Слабите комуникации и лошите сообраќајни врски меѓу одделните предели во овој дел на Македонија условувале во минатото само незначителни внатрешни локални миграции на населението, што истовремено било услов за запазување на народната носија со незначителни промени речиси до средината на 20-тиот век. Наводи
Категорија:Македонски народни носии