Црна Гора (, Мавро Вуно, ) — мала планина во североисточниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција) и недалеку од границата со Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Претставува своевиден центар на историско-географската област Мрвачко. Највисокиот врв го носи истото име Црна Гора (Мавро Вуно) и висок е 1.653 метри. Вториот е висок 1.475 метри и се нарекува Железна Гора (Сидировуни). Планината е сместена на границата помеѓу Серско од запад и Драмско од исток. На север се поврзана со планината Славјанка (Алиботуш или Орвилос) преку седлото Бели Пресеки, а на југозапад со планината Шарлија (Врондус) преку Црвиловското Седло. На југ се наоѓа планината Сминица (или Серски Боздаг; гр. Меникио), сврзана во посредство на седлото Узунџа. Во западното подножје на Црна Гора се наоѓа Крушевската, во источното Елеската, а во јужното Горнобродската Котлина.

Стопанска важност За време на османлиското владеење, планината претставувала главен извор на железна руда (магнетитен песок) за железарската индустрија во Мрвачко. На падините на Црна Гора се сместени некогаш важните рударски и железарски села — Трлис, Старчишта, Долно Броди и Горно Броди.Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.13-14.

Поврзано Мрвачко Славјанка Сминица Шарлија Скопска Црна Гора

Наводи

Категорија:Рилско-родопски Масив Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Грција Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Сер (општина) Категорија:Синтика