Бер (, Димос Вериjaс) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Бер. Општината е дел од округот Иматија.
Населени места Општината Бер е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“. со спојување на пет стари општини: Апостол Павле, Бер, Кутлеш, Добра и Македонида.
''Напомена: Називите на општините „Апостол Павле“ и „Македонида“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.
Општинска единица Апостол Павле мини|десно|Поранешната општина Апостол Павле на картата на некогашниот округ Иматија. Општинската единица Апостол Павле со седиште во Микрогуш (Макрохори) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Сланица и областа Урумлак:
Општински оддел Брањате село Брањате (или Брајнат; Νέα Νικομήδεια, Неја Никомидиja)
Општински оддел Ѓавато село Ѓавато (Διαβατός, Дјаватос)
Општински оддел Колура село Колура (Κουλούρα, Кулура)
Општински оддел Луковица село Нова Луковица (Νέα Λυκόγιαννη, Неја Ликојани) село Луковица (или Луковишта, Παλαιά Λυκόγιαννη, Палеја Ликојани)
Општински оддел Микрогуш село Микрогуш (Μακροχώρι, Макрохори)
Општинска единица Бер мини|десно|Поранешната општина Бер на картата на некогашниот округ Иматија. Општинската единица Бер ги опфаќа градот Бер и следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Бер град Бер (Βέροια, Верија) село Лазохори (Λαζοχώρι) село Меч (Μέση, Меси) село Мустали (Κυδωνοχώρι, Кидонохори) село Тарамон (Ταγαροχώρι, Тагарохори)
Општински оддел Асомата село Асамати (Ασώματα)
Општински оддел Долјани село Долјани (Κουμαριά, Кумарија) село Ксироливадо (Ξηρολίβαδο)
Општински оддел Долно Шел село Долно Шел (Κάτω Βέρμιο, Като Вермио)
Општински оддел Кастанија село Кастанија (Καστανιά) село Црковјани (Μικρά Σάντα, Микра Санда)
Општински оддел Кумштица село Кумштица (Άμμος, Амос)
Општински оддел Лужица село Лужица (Τριπόταμος, Трипотамос) село Долно Куманич (Κάτω Κομνήνειο, Като Комнинио) село Куманич (Κομνήνειο, Комнинио)
Општински оддел Пророк Илија село Свети Илија (Προφήτης Ηλίας, Профитис Илијас)
Општински оддел Рахи село Рахово (Ράχη, Рахи)
Општински оддел Варвара село Варвара (Αγία Βαρβάρα, Агија Варвара)
Општински оддел Топљани село Топљани (Γεωργιανοί, Георгијани) село Извор (Λευκόπετρα, Левкопетра)
Општинска единица Добра мини|десно|Поранешната општина Добра на картата на некогашниот округ Иматија. Општинската единица Добра со седиште во Јанчишта (Агиос Георгиос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Сланица и планината Каракамен (Вермио):
Општински оддел Јаворница село Јаворница (Τρίλοφο, Трилофо)
Општински оддел Јанчишта село Јанчишта (Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос)
Општински оддел Света Марина село Света Марина (Αγία Μαρίνα, Агија Марина)
Општински оддел Туркохор село Туркохор (Πατρίδα, Патрида) Добренски манастир (Καλή Παναγία, Кали Панагија)
Општински оддел Чорново село Чорново (Φυτεία, Фитија) село Костемар (Κωστοχώρι, Костохори) село Љановрохи (Λιανοβρόχι) село Агиос Николаос (Άγιος Νικόλαος)
Општинска единица Кутлеш мини|десно|Поранешната општина Кутлеш на картата на некогашниот округ Иматија. Општинската единица Кутлеш со седиште во Кутлеш ги опфаќа следниве општински оддели и населени места и 1 манастир во областа Урумлак:
Општински оддел Кутлеш село Кутлеш со Барбеш (Βεργίνα, Вергина)
Општински оддел Метохи метох Метохи (Μετόχι)
Општински оддел Палатица село Палатица (или Палатич; Παλατίτσια, Палатиција)
Општински оддел Сикија село Сиќа (Συκιά)
Општинска единица Македонида мини|десно|Поранешната општина Македонида на картата на некогашниот округ Иматија. Општинската единица Македонида со седиште во Боштани ги опфаќа следниве општински оддели и населени места и 1 манастир:
Општински оддел Боштани село Боштани (Ριζώματα, Ризомата)
Општински оддел Восово село Восово (Σφηκιά, Сфикија)
Општински оддел Драчко село Драчко (или Драчкуп, Дирачко; Δάσκιο, Даскио)
Општински оддел Куково село Куково (Πολύδενδρο, Полидендро) село Братиништа (Χαράδρα, Харадра) село Спорлита (Ελαφίνα, Елафина) манастир „Св. Јован Претеча“ (Μονή Τιμίου Προδρόμου) село Порос (Πόρος)
Поранешни села На територијата на општината се наоѓаат и поранешните села Карачали (Мавродендрион) и Садина (Карави), кои денес се составен дел од градот Бер.
Поврзано Сланица Урумлак Список на села во Бер
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Бер
Категорија:Општини во Егејска Македонија