Епископ Климент (световно име Горан Божиновски; , ) — македонско свештено лице и викарен епископ на Преспанско-пелагониската епархија,Историски осврт на семрежното место на Преспанско-пелагониската епархија со титула Хераклејски.
Животопис По завршувањето на средното економско училиште, тој се запишал на студии по книжевност на скопскиот универзитет, и како вонреден студент на Теолошкиот факултет на кој и дипломира. На Света Гора, тој заминал во 1993 година во Григоријатскиот манастир, каде што бил замонашен со име Климент.
Две години подоцна, со благослов на митрополитот Петар се враќа во Македонија, вклучувајќи се во процесот на возобновување на монаштвото во македонските манастири. Првите пет години ги поминува во манастирот Водоча, крај Струмица.
Свештеноѓакон станува во Романија во 1995 година, во резиденцијалниот манастир на романскиот епископ Калиник, докажан пријател на Македонската православна црква.
За свештеномонах тој бил ракоположен од страна на митрополитот Петар во 1996 година, а од митрополитот Наум е произведен во игумен и архимандрит истата година. Духовен отец е на братството на Зрзескиот манастир, од 1997 година, на сестринството од Варошкиот манастир, а од мај 2004 година, тој станал в.д. старешина на манастирот Трескавец.
Во 2005 година, тој се запишал на последипломски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, на Катедрата за класични студии.
На 11 јули 2005 година, во соборниот храм „Св. Димитриј“ во Битола, било одржано наречение со кое била објавена неговата хиротонија.Наречение на новоизбраниот викарен Епископ Хераклејски на семрежното место на МПЦ Следниот ден, во истата црква, тој бил хиротонисан за викарен епископ на Преспанско-пелагониската епархија односно на Митрополитот Петар.Нова хиротонија за епископ на семрежното место на МПЦ
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски епископи Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Магистри на Филозофскиот факултет - Скопје