Мурик (, Мурики) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција. Сместена е на територијата на Кожанскиот Округ и практично претставува северен ден на планинскиот масив Сињак. Истоимениот врв Мурик е висок 1.703 метри. Клисурскиот премин ја дели планината на север од Вич, а котлината на Влашка Блаца на југ од Сињак. Во северното подножје на Мурик се наоѓаат селата Клисура и Бобишта, во источното се Ланга и Емборе. Во јужното е Влашка Блаца, а во западното е Лошница.

По планината е наречена и општинската единица Мурик во состав на Општина Еордеја, Кајларско.

Поврзано Кајларско Сињак Каракамен

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина) Категорија:Еордеја Категорија:Рупишта