Синтика (, Димос Синдикис) — општина во Серскиот Округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Валовишта (или Демир Хисар; гр. Сидирокастро). Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Демирхисарско“ („Валовишко“).

Општината е наречена по горномакедонската област Синтика, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Населени места Општината Синтика е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на општините Беласица (Керкини), Валовишта (Сидирокастро), Петрич (Петрици) и општинските целини Драготин (Промахонас), Крушево (Ахладохори) и Сенгелово (Ангистро) по законот „Каликратис“. Општината практично е наследник на некогашната епархија Ситника во Серскиот Округ која постоела до усвојувањето на законот „Каподистријас“ во 1997 г. и е приближно слична на Демирхисарската Каза на Серскиот Санџак во Османлиското царство.

Општинска единица Беласица мини|десно|Поранешната општина Беласица на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Беласица со седиште во Станица Порој ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Станица Порој село Станица Порој (Ροδόπολη, Родополи) село Радила (Οδηγήτρια, Одигитрија)

Општински оддел Анатолу село Анатолу (Ανατολή, Анатоли) село Соколово (Παραπόταμος, Парапотамос) село Тодорово (Θεοδώρειο, Теодорио)

Општински оддел Бутково село Бутково (Κερκίνη, Керкини) село Дели Хасан (Μοναστηράκι, Монастираки) село Старошево (Ставрово, Σταυροδρόμι, Ставродроми) село Ќулахли (или Ќулехли, Ќулекли; Κορυφούδι, Корифуди)

Општински оддел Џума Маала село Џума Маала (Бутковска Џумаја; Λιβαδιά, Ливадија)

Општински оддел Горно Порој село Горно Порој (Άνω Πορόια, Ано Пороја)

Општински оддел Долно Порој село Долно Порој (Κάτω Πορόια, Като Пороја) село Кесеџи Чифлик (Σιδηροχώρι, Сидирохори)

Општински оддел Матница село Матница (ии М’тница; Μακρινίτσα, Макриница )

Општински оддел Неохори село Неохори (Νεοχώρι)

Општински оддел Палмеш село Палмеш (Καστανούσσα, Кастануса) село Глибовци (или Глибовица, Глобоштица, Καλοχώρι, Калохори)

Општински оддел Шугово село Шугово (Πλατανάκια, Платанаќа)

Општинска единица Валовишта мини|десно|Поранешната општина Валовишта на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Валовишта ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Валовишта град Валовишта (Σιδηρόκαστρο, Сидирокастро) село Валовишка Бања (Λουτρά, Лутра) село Герман (Σχιστόλιθος, Схистолитос) село Елешница (Φαιά Πέτρα, Феја Петра) село Инанли (Κάτω Αμπέλα, Като Амбела) село Пулево (Θερμοπηγή, Термопиги) село Станица (Σταθμός)

Општински оддел Камарето село Камарето (Καμαρωτό, Камарото)

Општински оддел Латрово село Латрово (или Латарово; Χορτερό, Хортеро)

Општински оддел Радово село Радово (или Радево; Χαροπό, Харопо)

Општински оддел Савек село Савек (или Савјак; Βαμβακόφυτο, Вамвакофито)

Општински оддел Чифлиџик село Чифлиџик (Στρυμονοχώρι, Стримонохори)

Општинска единица Драготин десно|мини|Поранешната општинска целина Драготин на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Драготин опфаќа само едно населено место — Драготин (Προμαχώνας, Промахонас).

На територијата на единицата се и отпишаните села Рајковци (Καπνότοπος, Капнотопос) и Рупел (Κλειδί, Клиди).

Општинска единица Крушево десно|мини|Поранешната општинска целина Крушево на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Крушево со седиште во Крушево (Ахладохори) опфаќа три села сместени во котлина во долината на Крушевска Река (Крусовитис), затворена меѓу планините Славјанка (Алиботуш или Орвилос) од север и Шарлија (Ори Врондус) од југ.

Општински оддел Крушево село Крушево (Αχλαδοχώρι, Ахладохори) село Крчово (Καρυδοχώρι, Каридохори) Општински оддел Црвишта село Црвишта (Καπνόφυτο, Капнофито)

Општинска единица Петрич мини|десно|Поранешната општина Петрич на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Петрич ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Ветрен село Ветрен (Νέο Πετρίτσι, Нео Петрици)

Општински оддел Голема Маала село Голема Маала (или Бујук Маала; Μεγαλοχώρι, Мегалохори)

Општински оддел Дервент село Дервент (Ακριτοχώρι, Акритохори) село Турчели (Θρακικό, Тракико)

Општински оддел Мандраџик село Мандраџик (Μανδράκι, Мандраки)

Општински оддел Мрсна село Мрсна (Γόνιμο, Гонимо)

Општински оддел Хаџи Бејлик село Хаџи Бејлик (Βυρώνεια, Виронија) село Горно Хаџи Бејлик (Άνω Βυρώνεια, Ано Виронија) село Рамна (Ομαλό, Омало)

На територијата на општината е и село Обаја (Агриолевка), отпишано во 1960 г.

Општинска единица Сенгелово десно|мини|Поранешната општинска целина Сенгелово на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Сенгелово опфаќа само едно населено место — Сенгелово (Άγκιστρο, Ангистро).

На територијата на општинската единица се и отпишаните села Вранково (Κάτω Καρυδιά, Като Каридија), Лехово (Κρασοχώρι, Красохори), Трнка (Δαμάσκηνο, Дамаскино) и Хоџово (Άνω Καρυδιά, Ано Каридија).

Поврзано Список на села во Валовишта Сенгелска Планина Славјанка Бутковско Езеро

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Синтика