Довишта (, Димос Емануил Папа) — општина во Серскиот Округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Опфаќа 17 села во областа Дарначко во западниот дел на Серското Поле, по западните падини на планината Сминица. Административен центар е селото Тополјани.
Општината го носи името на селото Довишта, чие денешно име е „Емануил Папас“. Името на селото е сменето во чест на истомениот револуционер (1772-1822) од Грчката војна за независност.
Населени места Општината Довишта е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“ со спојување на две стари општини: Довишта (Емануил Папас) и Струма.
Општинска единица Довишта мини|десно|Поранешната општина Емануил Папас на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Довишта (Емануил Папас) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Тополјани село Тополјани (или Тополен; Χρυσό, Хрисо)
Општински оддел Везник село Везник (Άγιον Πνεύμα, Агион Пневма)
Општински оддел Горна Нушка (386) село Горна Нушка (Μέταλλα, Метала) село Сокол (Συκιά, Сикија)
Општински оддел Довишта село Довишта (Εμμανουήλ Παπάς, Емануил Папас)
Општински оддел Долна Нушка село Долна Нушка (Δαφνούδι, Дафнуди)
Општински оддел Сармусакли село Сармусакли (Πεντάπολη, Пендаполи)
Општински оддел Субашќој село Субашќој (Νέο Σούλι, Нео Сули)
Општински оддел Тумба село Тумба (Τούμπα)
Општинска единица Струма мини|десно|Поранешната општина Струма на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Струма ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Тумбица село Тумбица (Тумбишта или Кешишлак; Νέος Σκοπός, Неос Скопос)
Општински оддел Бејлик Маала село Бејлик Маала (Βαλτοτόπι, Валтотопи)
Општински оддел Вержани село Вержани (Ψυχικό, Психико)
Општински оддел Вернар село Вернар (Παραλίμνιο, Паралимнио)
Општински оддел Какара село Какара (Μεσοκώμη, Месокоми)
Општински оддел Ново Село село Ново Село (или Нихор; Νεοχώρι, Неохори)
Општински оддел Петелинос село Петелинос (Πεθελινός)
Општински оддел Сал ага село Сал Ага (или Сали Ага; Μονόβρυση, Моновриси)
Поврзано Дарначко Сминица Серско Поле Список на села во Сер
Наводи
Литература Σπίντιος Ζαχ., Δαρνακικό Γλωσσάρι, Σέρρες 1955
Надворешни врски Портал на Општина Довишта (Емануил Папас)
Категорија:Општини во Егејска Македонија Категорија:Сер (округ)