Тур де Франс 2014 — 101. издание на најпознатата велосипедска трка Тур де Франс. Започнало во Лидс, Англија, на 5 јули 2014, а поминала и низ Лондон, пред да се врати во Франција. Трката традиционално завршила на Шанзелизе во Париз на 27 јули.
Трката претставувала осумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја и втора голема трка оваа година.
Победник на трката бил Италијанецот Винченцо Нибали, кој ја освоил трката со предност од седум минути и 37 секунди пред второпласираниот Жан Кристоф Перо, најголема победничка разлика од 1997 година.
Екипи
Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и биле обврзани да испратат екипа. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.
†: Поканети професионални континентални екипи.
Фаворити пред трката
Пред почетокот на трката, како главни кандидати за генералниот пласман и борбата на целата трка се споменувале Крис Фрум, бранителот на титулата од минатата година, Алберто Контадор, Алехандро Валверде и Винченцо Нибали.Крис Фрум, Алберто Контадор, Алехандро Валверде и Винченцо Нибали ќе се борат на Тур де Франс во јули
Рута и етапи
Првите три етапи биле објавени на 17 јануари 2013 година од официјалната туристичка агенција на Јоркшир. Ова било четврти пат Тур де Франс да содржи етапи во Англија (по изданијата во 1974, 1994 и 2007) и единствен пат да содржел повеќе од две етапи во Англија.
+Список на етапиЕтапаДатумДвижењеРастојаниеВидПобедник15 јули Лидс – Харогет (Велика Британија) 191 км 22п рамна етапа 26 јули Јорк – Шефилд (Велика Британија) 198 км 22п среднопланинска етапа 37 јули Кембриџ – Лондон (Велика Британија) 159 км 22п рамна етапа 48 јули Ле Туке-Пари-Плаж – ЛилИако четвртата етапа е наречена Ле Туке Пари Плаж – Лил, крајот ќе биде во Вилнев д’Аск, во метрополитенската област на Лил. 164 км 22п рамна етапа 59 јули Ипр (Белгија) – Аренберг 156 км 22п рамна етапа (со калдрма) 610 јули Арас – Ремс 194 км 22п рамна етапа 711 јули Еперне – Нанси 233 км 22п рамна етапа 812 јули Томблен – Жерарме 161 км 22п среднопланинска етапа 913 јули Жерарме – Милуз 166 км 22п среднопланинска етапа 1014 јули Милуз – Планш де Бел Фил 161 км 22п планинска етапа 15 јули ден за одмор1116 јули Безансон – Ојона 186 км 22п среднопланинска етапа 1217 јули Бург ан Брес – Сент Етјен 183 км 22п рамна етапа 1318 јули Сент Етјен – Шанрус 200 км 22п планинска етапа 1419 јули Гренобл – Ризул 177 км 22п планинска етапа 1520 јули Талар – Ним 222 км 22п рамна етапа 21 јули ден за одмор1622 јули Каркасон – Бањер де Лишон 237 км 22п планинска етапа 1723 јули Сен Годан – Сен Лари Сулан 125 км 22п планинска етапа 1824 јули По – Отакам 145 км 22п планинска етапа 1925 јули Моборже – Бержерак 208 км 22п рамна етапа 2026 јули Бержерак – Периге 54 км 20п поединечен хронометар 2127 јули Еври - Париз 136 км 22п рамна етапа
Пласмани
Постоеле четири главни пласмани на Тур де Франс 2014. Најважниот бил генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур. Во 2014, не постоеле бонус секунди.
Дополнително, тука бил бодовниот пласман, кој се наградувал со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.
Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкестата маичка.
Четвртиот поединечен пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи роден на или по 1 јануари 1989 година.
За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови и за првпат од 2012 и жолти кациги.
Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач) е одредена од судиите по секоја етапа.
Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Екипен пласман25п Награда за борбеност25п 1 Марсел Кител Марсел Кител Марсел Кител Јенс Фогт Петер Саган Јенс Фогт 2 Винченцо Нибали Винченцо Нибали Петер Саган Сирил Лемоан Блел Кадри 3 Марсел Кител Јан Барта 4 Марсел Кител Тома Веклер 5 Ларс Бом Ливе Вестра 6 Андре Грајпел Луис Анхел Мате 7 Матео Трентин Мартин Елмигер 8 Блел Кадри Блел Кадри Михал Квјатковски Блел Кадри 9 Тони Мартин Тони Галопен Тони Мартин Тони Мартин 10 Винченцо Нибали Винченцо Нибали Хоаким Родригес Ромен Барде Тони Мартин 11 Тони Галопен Николас Роуш 12 Александер Кристоф Сајмон Кларк 13 Винченцо Нибали Винченцо Нибали Алесандро Де Марки 14 Рафал Мајка Хоаким Родригес Алесандро Де Марки 15 Александер Кристоф Мартин Елмигер 16 Мајкл РоџерсРафал МајкаТибо ПиноСирил Готје 17 Рафал МајкаРомен Барде 18 Винченцо НибалиМикел Ниеве 19 Рамунас НавардаускасТом-Јелте Слагтер 20 Тони Мартин немало награда 21 Марсел Кител На крај Винченцо Нибали Петер Саган Рафал Мајка Тибо Пино Алесандро Де Марки
Забелешки На етапата 2, Бријан Кокар, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а Петер Саган (на второто место) ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач. На етапите 3-5, Ромен Барде, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман. На етапите 6-7, Михал Квјатковски, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман. На етапата 14, Хоаким Родригес, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкестата маичка, бидејќи Винченцо Нибали (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
Поредок
Легенда 20п Го означува предводникот во генералниот пласман 20п Го означува предводникот во планинскиот пласман 20п Го означува предводникот во бодовниот пласман 20п Го означува предводникот во пласманот за млад возач 20п Го означува предводникот во екипниот пласман
Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме 1 20п|Жолта маичка 2 20п + 7' 37" 3 20п|Бела маичка + 8' 15" 4 + 9' 40" 5 + 11' 24" 6 20п + 11' 26" 7 + 14' 32" 8 + 17' 57" 9 + 18' 12" 10 + 21' 15"
Бодовен пласман
ВозачЕкипаPoints 1 20п|Зелена маичка 431 2 282 2 271 4 222 5 211 6 20п|Жолта маичка 182 7 169 8 157 9 153 10 20п 117
Планински пласман
ВозачЕкипаБодови 1 20п|Точкеста маичка 181 2 20п|Жолта маичка 168 3 112 4 20п|Бела маичка 89 5 20п 85 6 78 7 61 8 54 8 48 10 48
Пласман за млад возач
ВозачЕкипаВреме 1 20п|Бела маичка 2 20п + 3' 11" 3 + 1ч 13' 40" 4 + 1ч 39' 45" 5 + 1ч 52' 35" 6 20п|Точкеста маичка + 2ч 09' 38" 7 + 2ч 26' 07" 8 + 2ч 33' 44" 9 + 2ч 41' 05" 10 20п|Зелена маичка + 2ч 44' 37"
Екипен пласман
МестоЕкипаВреме 1 20п 270ч 27' 02″ 2 + 34' 46" 3 + 1ч 06' 10" 4 + 1ч 07' 51" 5 + 1ч 34' 57" 6 + 1ч 36' 27" 7 + 1ч 40' 36" 8 + 2ч 06' 00" 9 + 2ч 30' 37" 10 + 2ч 32' 46"
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Тур де Франс по година Категорија:Франција во 2014 година Категорија:Велика Британија во 2014 година
Категорија:Светска турнеја на UCI 2014