Обичен пелин, питом пелин или бел пелин; ) — растение од от пелин (Artemisia) кое природно вирее во умерените краишта на Евроазија и Северна Африка. Се одгледува како украсно растение, но и како главна состојка во пијалаци како пелинковецот и апсинтот.
Опис Ова е билно, повеќегодишно растение со влакнести корења. Стеблата се прави и достигнуваат висина од 0,8–1,2 метри (пореко 1,5 м и повеќе) и се зажлебени, разгранети и сребренозелени по боја. Листовите се распоредени во вител, зеленкасто сиви на лицето и бели на опачината, прекриени со свиленести сребрестобели трихоми (влакненца) и имаат ситни маслодајни жлездички. Листовите при основата се долги до 25 см и двојноперјести до тројноперјести со долги лисни дршки, оние погоре се пократки (5–10 см), помалку разделени и со куси дршки. Листовите најгоре можат да бидат и прости и бездршни. Цветвите се бледожолти, цевчести и насобрани во наведнати главички (капитули), кои пак се набрани во листнати разгранети метлички. Растението цвета од почетокот на летото до почетокот на есента. pollination се одвива по ветерот. Плодовите се мали семчиња. Се распространуваат со самата Земјина тежа.
Пелинот природно расте на дива сува почва, особено на крапести падини и по рабовите на врвиците и полињата.
Токсичност Пелинот ја содржи психоактивна супстанција тујон која може да предизвика падавичарење, грчеви и оштетување на бубрезите ако се конзумира во големи количини.Absinthe Myths Finally Laid To Rest
Одгледување мини|десно|Соцветија на пелин Растението лесно се огледува на сува почва. Треба да се сади на места целосно изложени на сонце, во плодна, среднотешка почва. Претпочита почвата да биде богата со азот. Може да се размножува од дозреани отсечоци на пролет или есен во умерени подрачја, или од семиња во расаднци, кои ги дава во изобилство. Видот е одомаќинет во некои неавтохтони подрачја, вклучувајќи ја Северна Америка и долината на Кашмир во Индија.Shafi et al., 2012
Употреба
Пелинот е најпознат како сотојка на народниот пијалак пелинковец и апсинтот, но се користи и како додаток и во други алкохолни пијалаци и вина како битер и вермут. Од него се прави и чај што се смета за лековит. Во средниот век се додавал како зачин во медовина.
Во традицијата и книжевноста Ова растение традиционално се користи како поттикнувач на апетитот и олеснувач на варењето. Меѓутоа, истото е носител и на негативна симболика, како поим за горчина и јад. Ова го среќаваме во Рациновата песна „Копачите“, каде авторот вели дека земјата „со страдна душа чека“ на силните удари на копачите „по троскот, пелин, трат“.„Бели Мугри: Копачите“ од К. Рацин на Викиизвор
Како духовно наследство Според Национална класификација на културното наследство на Македонија, верувањето во пелинот како света и лековита билка се смета за категорија на духовно наследство на земјата.Национална класификација на културното наследство: Духовно: 3.1.1.8 Свети и лековити дрвја и билки
Поврзано Див пелин Пелинковец Апсинт Пелинце
Наводи
Надворешни врски
Македонски
Странски Виртуелен музеј на апсинтот Поодготвување на пелин — Erowid
Категорија:Пелин Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Јадливи растенија