Игуменица (грчки: Ηγουμενίτσα) — крајбрежен град во Cеверозападна Грција. Тој е главен град на подрачната единица Теспротија. Неговото оригинално античко име било "Tитани". 670-километарски автопат „Егнатија“, кој е главната артерија на Северна Грција, завршува во Игуменица.

Историја Во антички времиња Игуменица беше познат како Титани, (Gitani, Gitana, Goumani) и беше еден од најважните градови на Кралството Теспротија во текот на 4 век п.н.е., што опфаќа 28 хектари. Обемот на нејзините ѕидови беше 2400 метри. Ѕидовите имаа четири порти. Внатрешните ѕидови, во облик на срп, го делеа градот на половина. Нејзината најважна кула, се наоѓа на врвот на ридот, во облик на круг, и се смета дека била верско светилиште. Ископувањата открија театар со 2.500 седишта и урнатини на два храмови.

Општина Сегашната општина Игуменица беше формирана со реформата на локалната власт во 2011 со спојување на следните 5 поранешни општини, кои стана општински единици (напишани во загради):

Игуменица (Агиа Марина, Агиос Власиос, Грекохори, Игуменица, Kaстри, Криовриси, Ладохори, Мавруди, Неа Селефкиа) Маргарити (Елефтери, Картери, Катавотира, Маргарити, Мазаракиа, Месовуни, Спатареи) Парапотамос (Дримица, Героплатанос, Коритиани, Парапотамос) Пердита Сивота (Аргиротопос, Фаскомилиа, Платариа, Сивота)

Сообраќај Од Патра, Грција до Бриндизи, Италија со ферибот на Hellenic Mediterranean Lines застануваат во Игуменица, влегуваат во Јадранско Море и обратно, како и бродови на Superfast Ferries, ANEK lines и неколку други бродски компании, одат до Анкона, Бари и Венеција во Италија, и обратно. Честo патувања со ферибот има и до Крф.

„Егнатија“, отворен во 2009 година и е дел од E90, значително ја подобри врската со Солун и Турција и го скрати времето од и до турската граница за само неколку часа. Меѓу Солун и на турската граница, патот тече повеќе или помалку напоредно на римскиот пат Вија Егнација.

Население во градот 1981: 6,389 1991: 6,807 2001: 9,104 2011: 9,820

Клима

Просечните врнежи во Игуменица се околу 1100 мм. За споредба во Атина е само 380 мм; на Крит е 640 мм, а во Јанина 1300 мм.

Ова е табела на просечните температури на коппното и морето во 2005 г.

MесецКопноМорејануари12 °C16 °Cфевруари9 °C15 °Cмарт14 °C16 °Cаприл16 °C17 °Cмај22 °C19 °Cјуни25 °C22 °Cјули28 °C24 °Cавгуст27 °C25 °Cсептември25 °C24 °Cоктомври20 °C23 °Cноември18 °C20 °Cдекември13 °C17 °C

Збратимени градови Саранда, Албанија

Надворешни врски Официјална страница на градот

Категорија:Градови во Грција Категорија:Општини во Епир Категорија:Населени места во Теспротија Категорија:Чамерија