Северна Косовска Митровица () е општината и го зафаќа делот на Косовска Митровица северно од реката Ибар. Тој е де факто главен град на Северно Косово, регион каде Србите се мнозинство.

Историја Северна Косовска Митровица настанала со поделба на општината Косовска Митровица на две де факто општини, Јужна Косовска Митровица со албанско мнозинство и Северна Косовска Митровица со српско мнозинство. Граница претставува мостот на Ибар.

Географија/Демографија Зафаќа околу 1/5 од градот Косовска Митровица каде се наоѓаат 29.460 жители од кои: 76,6% Срби 16,6% Албанци 6,8 останати.http://www.osce.org/item/1191.html

Култура и образование мини|лево|Црквата „Св. Димитриј“ Северна Косовска Митровица моментално е еден од најзначајните политички, образовни и здравствени центри за Србите на Косово. Тој е единствена урбана средина на Косово каде Србите се мнозинство. Во градот се наоѓа Приштинскиот универзитет кој е префрлен од Приштина. Овде се наоѓа и клиничкиот центар, кој е единствен здравствен центар за Србите на Косово. Во Северна Косовска Митровица се наоѓа и црквата Св. Димитрија.

Спорт Северна Косовска Митровица е седиште на фудбалските клубови ФК Трепча и ФК Рудар.

Наводи

Категорија:Северно Косово Категорија:Градови во Косово Категорија:Населени места во Косово Категорија:Косовска Митровица Категорија:Српски населби во Косово Категорија:Општини на Косово