мини|Воздушен поглед на островот Валфиш () — ненаселен германски остров, сместен во Висмарскиот Залив во Балтичкото Море.

Се наоѓа помеѓу градот Висмар (околу 4,5 километри северно) и островот Пел. Многу рамниот остров има површина од околу 20 хектари и е природен резерват.

Историја

Во текот на Триесетгодишната војна постоела тврдина на островот, која денес е главно под вода. Остатоци од неа и денес се пронаоѓаат преку аеро археологија.

Тврдината на Валфиш била уништена во 1717 година по Северните војни.

Категорија:Острови во Балтичкото Море Категорија:Висмар Категорија:Висмарски Залив Категорија:Ненаселени острови во Германија Категорија:Острови во Мекленбург-Западна Померанија