Алваро Борха Мората Мартин (роден на 23 октомври 1992, во Мадрид) — шпански фудбалер, напаѓач на Комо, и на шпанската репрезентација.

Технички карактеристики Мората е добар во играта со главата, и има технички умешен удар; поради неговиот стил на игра е споредуван со Фернандо Мориентес.

Клупска кариера Почетоци Тој играл две години во младинската школа на Атлетико Мадрид и една година во младинската школа на Хетафе пред да потпише за Реал Мадрид во 2008 година. Во месец јули 2010 година, по одличната сезона со Реал Мадрид Ц, зачинета со освојување на два младински наслови за кој придонел постигнувајќи 34 гола, е промовиран во Реал Мадрид Кастиља, т.е. во Б тимот на Реал Мадрид, и во истиот месец тој присуствувал на летните подготовки во САД со првиот тим, преводен од Жозе Мурињо.

Реал Мадрид Кастиља thumb|left|upright=0.8|Мората во 2010 на тренинг со Реал Мадрид Кастиља. Тој го направил своето деби за Реал Мадрид Б на 15 август 2010 година, во пријателски натпревар против Алкоркон постигнувајќи го единствениот гол во натпреварот. Тој го направи своето деби во лигата на 29 август следната, во победата со 3-2 против Корухо, a неговиот прв официјален гол во кариерата пристигнува на 31 октомври 2011 во ремито 1-1 со Алкала. На 9 јануари 2012 година, ги постигнал неговите први два гола на еден натпревар за Кастиља во вториот натпревар против Корухо, за победа од 4-1.Coruxo 1 - Real Madrid Castilla 4 soccerway.com

На 13 февруари 2012 Мората го одбележал својот прв хет-трик во неговата кариера, во високата победа со 7-1 против Депортиво Ла Коруња Б. Еден месец подоцна, на 13 март 2012, Мората го постигнал првиот погодок за Кастиља во Дерби мадрилењо против Атлетико Мадрид Б, натпревар што завршил со победа на неговиот тим со 4-3.Real Madrid Castilla 4 - Atletico Madrid II 3 soccerway.com Својата прва сезона во Сегунда Дивизион Б ја затворил со 28 натпревари во кои постигнал 15 гола, но РМ Кастиља не успева да избори промоција во Сегунда Дивизион.

Првиот натпревар на Мората, во неговата втора сезона, дошол на 21 август 2011 во победата со 1-0 против Спортинг Хихон Б.Real Madrid Castilla 1 - Sportin Gijon II 0 soccerway.com На 18 септември тој го постигнал првиот гол во новата сезона, во победата над Хетафе Б со 4-0, стрелајќи за третиот гол во 86-тата минута.Real Madrid Castilla 4 - Getafe II 0 soccerway.com На 11 ноември 2012 година Мората и носи важна победа на Кастиља, постигнувајќи ги двата гола во победата над Селта Виго Б, во победата на гости со 2-0.Celta de Vigo 0 - Real Madrid Castilla 2 soccerway.com Својата втора сезона во Реал Мадрид Кастиља ја завршил со 37 настапи и 17 постигнати гола, а благодарение на неговите голови клубот ја освоил Сегунда Дивизион Б, а со тоа изборил промоција во Сегунда Дивизион.

Првиот натпревар во неговата последна сезоната со РМ Кастиља, Мората го имал на 1 септември 2012 година во поразот од Алмерија со 1-0.Almeria 1 - Real Madrid Castilla 0 transfermarkt.it Една недела подоцна, го постигнал својот прв гол во Сегунда во победата со 3-2 против Ксерез, стрелајќи за израмнувачкиот погодок за 1-1 во 31-вата минута на асистенција на Хуанфран.Real Madrid Castilla 3 - Xerez 2 transfermarkt.it На 24 март 2013 година бил за првпат во оваа сезона бил двоен стрелец против Кордоба во победата со 4-0, а тој ги постигнал последните два гола.Real Madrid Castilla 4 - Cordoba 0 transfermarkt.it Во оваа сезона не одиграл многу натпревари за Реал Мадрид Кастиља бидејќи Жозе Мурињо често го повикувал во првиот тим, всушност одиграл само 18 натпревари во кој имал 12 гола.

Реал Мадрид thumb|right|upright=0.7|Мората на летните подготовки во Лос Анџелес. Тој го направил своето деби за првиот тим на 12 декември 2010 година, на возраст од 18 години, заменувајќи го Анхел Ди Марија во 88-мата минута во првенствениот натпревар во кој Реал Мадрид како гостин со 3-1 ја победил Сарагоса. Оваа сезона, исто така, тој го започнал натпреварот од вториот круг на Копа дел Реј, против Леванте, кој Реал лесно го добил со убедливи 8-0.Real Madrid 8 - Levante 0 transfermarkt.it Мората добил само два настапи за првиот тим, сепак, ја освоил својата прва голема титула како професионалец, откако Реал ја совладал Барселона со 1-0 во финалето на Копа дел Реј. Во втората сезона, Мората забележал само еден настап за Реал Мадрид и тоа во последните 10 минути од првенствениот натпревар против Еспањол (5-0 за Реал) одигран на 4 март 2012.Real Madrid 5 - Espanyol 0 transfermarkt.it По завршувањето на првенството, Мората за првпат во неговата кариера станал шампион на Шпанија, откако Реал ја освоил 32. титула во Примера.

Во својата трета сезона, Мората го постигнал својот прв гол за кралевите, во победата над Леванте со 2-1, а токму неговиот гол во 84-тата минута се покажал како победнички.Levante 1 - Real Madrid 2 transfermarkt.it На 4 декември 2012, го имал своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи од клупата како замена за Карим Бензема во последните 10 минути од натпреварот против Ајакс во групната фаза; Мората забележал асистенција за Хосе Марија Калехон кој во 88-мата минута ги поставил конечните 4-1.Real Madrid 4 - Ajax 1 На 17 февруари 2013 година, го постигнал својот втор гол за сезоната против Рајо Валјекано, уште во втората минута од натпрварот, но подоцна бил рано заменет уште по 27 минути игра со Раул Албиол, бидејќи Реал Мадрид останал со 10 играчи по исклучувањето на Серхио Рамос.Real Madrid 2 - Rayo Vallecano 0 transfermarkt.it Сезоната ја завршил со 15 настапи и 2 постигнати гола.

По одличните перформанси прикажани на Европското првенство за играчи под 21 година, Алваро и дефинитивно бил промовиран во првиот тим. Четвртата сезона ја започнал со настап во првиот првенствен натпревар, победата со 2-1 против Реал Бетис, влегувајќи од клупата како замена за Карим Бензема во 81-вата минута.Real Madrid 2 - 1 Real Betis soccerway.com Првиот гол во новата сезоната Мората го одбележал на 5 октомври 2013 година кога ја затресол мрежата на Леванте во 90-тата минута, а четири минути подоцна Кристијано Роналдо направил целосен пресврт и му донел победа на Реал со 3-2 како гостин. На 18 март 2014 година, тој го одбележал својот прв гол во Лигата на шампионите, во победата над Шалке 04 со 3-1.Morata esalta il Real e manda un segnale all'Inter tuttomercatoweb.com Следниот месец, Мората го освоил својот втор наслов во Копа дел Реј по победата над Барселона со 2-1.Coppa del Re, una cavalcata di Bale decide il Clasico: Real campione tuttomercatoweb.com На 17 мај 2014 година, во последниот натпревар од сезоната против Еспањол, за првпат во дресот на Реал Мадрид Мората бил двоен стрелец, овозможувајќи му на својот тим да дојде до победа од 3-1.Real Madrid vs. Espanyol soccerway.com Само седум дена подоцна ја освоил својата прва титула во Лигата на шампионите, десетта за Реал Мадрид, по победата со 4-1, во продолженија, над градскиот соперник Атлетико Мадрид.Il Real Madrid vince la Champions League ansa.it Мората го започнал финалето на клупата за резерви, но се појавил во игра во 79-тата минута, заменувајќи го Бензема.

Јувентус thumb|right|200px|Мората со Јувентус во 2014 На 19 јули 2014 година Јувентус го откупил договорот на Мората за сума од 20.000.000 €; договорот предвидува право Реал Мадрид да го врати играчот до сезоната 2016-17 за максимален износ од 30 милиони евра. Тој одлучил да го носи дресот со број 9,Accordo con il Real Madrid per l'acquisizione definitiva del calciatore Alvaro Morata juventus.com кој се испразнил со заминувањето од клубот на Мирко Вучиниќ. Само два дена по неговата презентација во клубот, младиот шпански напаѓач, се судрил со голманот Рубињо на тренинг, при што заработил искривување на коленото од втор степен, повреда која го извадила од акција за околу 50 дена.

Мората го направил своето деби на 13 септември 2014 година во победата, 2-0, против Удинезе. На 27 септември, го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, за да го постави конечниот резултат во победата со 3-0, на гостувањето кај Аталанта. На 9 ноември за првпат постигнал два гола на еден натпревар во дресот на Јувентус, во победата над Парма со 7-0 во Торино.Juventus 7 - 0 Parma - legaseriea.it legaseriea.it

Враќање во Реал Мадрид

Челси На 19 јули 2017 година, англискиот клуб Челси објавил дека ги договориле сите услови со Реал Мадрид за трансфер на Мората на Стемфорд Бриџ, а исто така клубот ги договорил и личните услови на Мората. На 21 јули, откако шпанскиот напаѓач успешно ги поминал медицинските тестови официјално потпишал петгодишен договор со Челси.

Репрезентативна кариера thumb|right|upright=1.1|Мората во 2010 со шпанската репрезентација под 19 години. Мората бил повикан во шпанската репрезентација под 17 години за Светско првенство 2009 година во Нигерија, каде што тој одиграл четири натпревари и постигнал два гола за третопласираниот тим на турнирот.

Потоа, тој ја претставувал репрезентацијата под 19 години на Јапонскиот меѓународна турнир,Convocatoria Torneo Internacional de Japón Sub-19 (Japan U19 International Tournament callup) ; Royal Spanish Football Federation, 7 August 2010 каде што му помогнал на својот репрезентација да заврши на второто место зад домаќините.La Sub-19 gana y se adjudica el segundo puesto (U19 win and finish second) ; Royal Spanish Football Federation, 24 August 2010

Мората бил избран од шпанската репрезентација за тимот кои се појавил на Европското првенство за играчи под 19 години во Романија, помагајќи и на Шпанија да го освои турнирот со шест постигнати гола, кој го прават најдобар стрелец на ова натпреварување.Spain's Morata takes U19 scoring plaudits UEFA.com, 1 August 2011

Тој го направил своето деби за Шпанија под 21 година на Европското првенство 2013 во Израел. Неговите голови во првите два натпревари од групната фаза биле од суштинско значење за неговата репрезентација, бидејќи донеле минимални победи против Русија (1-0) и Германија (1-0), а биле постигнати доцна во натпреварите во 82-рата и 86-тата минута;Morata late show gives Spain winning start; UEFA.com, 6 June 2013Morata sends Spain through as Germany crash out; UEFA.com, 9 June 2013 тој ја затворил групната фаза со гол и во неговиот трет настап против Холандија (3–0).Spain beat Netherlands to top Group B; UEFA.com, 12 June 2013 Мората постигнал гол и во полуфиналето против Норвешка во 93-тата минута само за да го постави конечниот резултат 3-0 за Шпанија. Единствен натпревар на овој турнир во кој не постигнал гол беше финалето, но и без тоа Шпанија го освои првенството со победа над Италија (4-2),Morata wins Golden Boot in Spanish clean sweep; UEFA.com, 18 June 2013 а Мората беше најдобар стрелец на турнирот со 4 гола. Во својот следен натпревар одигран на 5 септември 2013 против Австрија во квалификациите за Европското првенство 2015, Мората постигнал 4 гола во победата со 6-2 во Грац. Österreich U21 - Spain U21 2-6 5 септември 2013

На 7 ноември 2014 година, Мората бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација Висенте дел Боске за натпреварите против Белорусија и Германија. Тој го направил своето деби на 15 ноември, влегувајќи на местото на Иско во последните десет минути од победата во Уелва над Белорусија со 3-0 во квалификациите за Евро 2016.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 14 јули 2014.