Ѓоре Јовановски (22 март 1956, Скопје) - македонски фудбалски тренер и поранешен југословенски фудбалер.
Животопис
Спортска кариера Ѓоре Јовановски бил првотимец на ФК Вардар од Скопје, каде што играл на позицијата десен бек. По завршувањето на играчката кариера, Јовановски продолжил да работи како тренер на повеќе македонски клубови: ФК Вардар, ФК Слога Југомагнат и ФК Работнички, со кои бил освојувач на шампионски титули во Првата македонска лига. Во јули 2014 година, тој почнал да го тренира штипскиот прволигаш ФК Брегалница.„Поранешниот селектор Јовановски - нов стратег на Брегалница“, Дневник, година XVIII, број 5507, 4 јули 2014, стр. 26. Сепак, тој останал кратко на таа функција, зашто во првиот дел сезоната 2014-2015, по слабите игри на ФК „Брегалница“, која по 14 одиграни кола освоила само девет бодови, Јовановски си заминал од клубот.„Јовановски замина, Христовски ќе ја спасува Брегалница“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 24.
Покрај работата со македонските фудбалски клубови, Јовановски бил селектор и на фудбалската репрезентација на Македонија.
Наводи
Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Фудбалски тренери од Скопје Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Југословенски фудбалери