Даниел Милошески - Данче (, - , ) — виден македонски музички продуцент и основач и сопственик на најголемата македонска продукциска куќа Авалон.
Животопис Милошески е роден во Гостивар во 1970 година. Тој заедно со својот брат Бобан Милошески биле едни од најуспешните во областа на шоу бизнисот, не само во Македонија, туку и на Балканот, правејќи ги најголемите концерти на најпознатите домашни, екс југословенски, но и светски ѕвезди. Првиот концерт го организирале во 1993 година, а до крајот на 2013 година, бројот на концерти во нивната режија ја надминал бројката од 250. Меѓу многубројните се и легендата Боб Дилан, Ајрон Меиден, Дип Парпл, Вајтснејк, Симпл Мајндс, Лени Кравиц, Брајан Фери, Кошин, Били Ајдол, последниот концерт на Ејми Вајнхаус. Списокот на имињата со кои работеле директно ги издвојува како најуспешна концертна и букинг компанија на овие простори, односно во Регионот. Бил женет и имал две ќерки.IN MEMORIAM: НЕНАДЕЈНА СМРТ НА ДАНИЕЛ МИЛОШЕСКИ ОД АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА
Смрт и реакции
Починал ненадејно во Скопје, после тренинг во фитнес центар на 15 јули 2014 година.
По смртта на Даниел пристигнаа голем број на реакции. Некои од нив се:
- Ружица и Ивица Брчиоски - „Ареа“.
- Миа Костова.
- Весна Бејби Петрушевска.
Наводи
Надворешни врски IN MEMORIAM: Даниел, човекот што исполни многу соништа, но не и својот сон
Категорија:Луѓе од Гостивар Категорија:Македонски продуценти