Болтенхаген () — општина и приморско одморалиште во округот Северозападен Мекленбург, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија, сместена на брегот на Балтичкото Море, 30 километри источно од Либек. Нуди широк поглед на Либечкиот Залив; 5-километарска долга и песочна плажа, крајбрежна патека, ресторани и воздушни бањи, како и бањи за слепи лица.

Болтенхаген е особено омилен помеѓу семејствата поради плитките плажи, комбинирани со одличниот квалитет на водата.

Марината со рибарското пристаниште се надоврзуваат на одморалиштето неговиот најисточен крај, нудејќи хотели и приватни плажи кон Воленбершкиот Залив, плиток залив помеѓу Болтенхаген и Висмар, дел од поголемиот Висмарски Залив.

Западно од општината и близу крајбрежјето се наоѓа малиот сликовит замок Грос-Шванзе, неодамна обновен и претворен во луксузен хотел. Јужно од него се наоѓа Замокот Ботмер, значаен тјудорски замок во блискиот град Клиц, кој исто така може да се посети.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Приморски одморалишта во Германија Категорија:Северозападен Мекленбург