GU Риби b (GU Psc b) — непосредно снимена масивна планета придружник на ѕвездата GU Риби, со необично голема орбита од 2000 ае (3×1011 км) , и привидно аголно растојание од 42 лачни секунди. Планетата е со метоположба со ректасцензија од и деклинација од на растојание од .

Особености

Орбиталниот период околу сопствената ѕвезда (која е 1/3 од масата на Сонцето) или времето потребно за да направи една „година“, ќе изнесува приближно 163.000 години.Постои грешка во печатот , која беше повторена од многу информативни средства. Со употреба на третиот Кеплеров закон и со претпоставка дека станува збор за кружна орбита околу ѕвезда со маса 0.3 пати од масата на Сонцето, точната претпоставка за периодот на оваа планета е ~163.000 години, а не 80.000 години. Станува збор за гасовита планета во соѕвездието риби, на растојание од 155 светлосни години од нашиот Сончев Систем, и се проценува дека има маса од меѓу 9 и 13 Јупитерови маси, и температура на површината од 1000 келвини

Станува збор за релативно млад ѕвезден систем дел од подвижното јато AB Златна Рипка, околу 30 млади ѕвезди кои потекнуваат од истиот молекуларен облак со старост од 100 милиони години, и е единствената најдена планета од овој вид од испитуваните 90 ѕвезди.

Откривање

Планетата ја открила меѓународна екипа на астрономи предводени од Мари Ев-Нод од универзитетот на Монтреал во Квебек, преку заемно набљудување од телескопите на опсерваторијата „Џемини“, ОММ, CFHT и опсерваторијата Кек . Огромното растојание на планетата овозможи да се искористи збир од техники како инфрацрвено набљудуваље и набљудуваља во видливата светлина за полесно да се забележи, техника која научниците се надеваат да ја искористат и за откривање на планети кои се поблиску до сопствените ѕвезди со помош на GPI во Чиле.

Близу инфрацрвената спектроскопска анализа за планетата беше направена со помош на спектрографот GNIRS монтиран на телескопот „Северен Џемини“, со што се покажа дека на површината на планетата има мала активност со што се потврдува староста на планетата. Исто така беше забележано слабо впивање на метанот во H и K спектралните ширини што пак означува дека станува збор за планета ос спектрална класа T3.5.

Белешки

Наводи

Категорија:Вонсончеви планети откриени во 2014 година Категорија:Вонсончеви планети Категорија:Риби (соѕвездие) Категорија:Неправилни месечини