Морис Кантен де Латур (; 5 септември 1704 — 17 февруари 1788) — француски портретист кој работел во стилот рококо, претежно во пастелна техника. Сликал многу познати личности, меѓу кои Волтер, Жан Жак Русо, Луј XV и Мадам де Помпадур.
Животопис Роден е во Сен Кантен како син на музичар кој не му одобрувал стане сликар. На 15-годишна возраст се преселил во Париз, каде учел сликарство кај фламанскиот сликар Жак Спуд. Во 1724 г. отишол во Ремс, а во 1725 г. во Англија. Во 1727 г. се вратил во Париз и го продолжил ликовното образование. По враќањето во Париз почнал да работи со пастели.
Во 1737 г. ја направил првата изложба од вкупно 150 портрети кои станале гордост за Парискиот салон во следните 37 години. Латур се истакнал како врвен потртетист, обдарувајќи ги личностите со посебна драж и интелигенција.
Во 1746 г. е примен во Кралската академија на сликарството и вајарството, а во 1751 г. станува нејзин советник. Во 1750 г. бил назначен за портретист на кралот и останал во служба до 1773 г, кога доживеал нервен слом. Подоцна Латур основал ликовна школа и почнал да се занимава со одбротворни алтивност пред да се повлече во домашен кревет поради душевна болест. На возраст од 80 години се повлекол од работата, враќајќи се во Сен Кантен, каде починал по три години.
Галерија
Наводи
"Maurice Quentin de La Tour." (1994) Encyclopædia Britannica, 15th ed. London: Cambridge University Press. Masters Neil Jeffares, Dictionary of pastellists before 1800, online edition
Надворешни врски
Интеркативно разгледување на делата на Латур
Категорија:Родени во 1704 година Категорија:Починати во 1788 година Категорија:Портретисти Категорија:Француски сликари Категорија:Луѓе од Сен Кантен